БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Она што сакаат да го направат на Македонија е бетер од Украина

Пренеси го гласот

Од 2014 го денеска сведоци сме на деструктивност и уништување на се нормално што постоеше во Украина пред насилниот преврат на власта организиран и спроведен од страна на про-западни разузнавачки и логистички сили.

Периодот во кој ескалираше состојбата во Украина од која до ден денес не може да се поврати украинското општество соодветствува со периодот во кој почнуваше да се наѕира кризата во Македонија.

Имено на тогашните парламентарни избори лидерот на тогашната опозиција (денеска власт во Македонија) Зоран Заев излезе на говорница после штотуку спроведените парламентарни избори и лажа дека истите не ги признава без притоа да понуди релевантни докази за било какви нерегуларности на изборите.

Потоа за нецела година започна политичката криза предизвикана од уцените и противзаконското објавување во јавност на противзаконски стекнатите прислушкувани разговори на тогашниот државен врв во државата. Криза која преку насилни демонстрации резултираше до предвремени парламентарни избори во декември 2016 и промена на власта.

Украина во 2014 година се ослобoди од прорускиот режим. Сите очекуваа просперитет, подобра соработка со ЕУ, слобода на пазарот и патувањата, раст на стандардот, нови работни места и нови технологии.

Денес, нешто повеќе од четири години од државнот удар и спроведувањето на стрктурните реформи кои ги бараа Брисел и ММФ, за Украина може да се каже дека е една од најсиромашните држави во Европа. Иако во 2013 година имаше проблеми, ситуацијата беше подобра. Населението не беше богато, но имаше некоја сигурност. Денес, ако се изземе елитата, останатите буквално немаат ни за леб. И ова не се вести од руската пропаганда, туку статистисички податоци на Киев и Светската банка.

Во споредба со 2013 година, степенот на сиромаштија во Украина значително е зголемен. Украински вести јавуваат дека граѓаните се повеќе штедат на храна и облека, а околу половина од населението живее со помалку од пет долари на ден или 130 украински гривни. Економистот Андреј Новак појаснил дека за минимален нормален живот во Украина се потребни 4358 гривни месечно по човек или 167 долари, додека 25 отсто од граѓаните живеат на границата на екстремна сиромаштија, пренесуваат Украински вести.

Нашите пензионери, па дури и 50 отсто од населението не можат да се пофалат со такви приходи, рекол Новак.

Светската банка ги потврдила податоците и ги нарекла „шокантни“. Украински вести додаваат дека од 2013 година до денес сиромаштијата пораснала за 67 отсто.

Новинарите анализирале што Украинците сега можат да си дозволат да купат во споредба со времето пред реформите.

Во некои делови има напредок. На пример, порано со просечна плата можеле да купат помалку компири и хељда, но сега драстично е влошена ситуацијата со месото, лебот и превозот (иако Украина се смета за најголем резерват на плодна земја во Европа). На пример, просечното украинско семејство сега може да купи од овие прозиводи за 2,2 пати помалку, а пилешко за 1,7 пати. Исто така, драстично се намалила потрошувачката на риба и морски плодови, како и овошје.

Драстично се зголемиле и потрошувачките кредити, како и купувањето на веќе носена облека, што е дополнителен доказ за паѓањето на стандардот. Се смета дека потрошувачките кредити допрва ќе се зголемуваат бидејќи како минува времето, така исчезнуваат и старите заштеди кои сега се трошат.

Директорката на Светска банка за Украина, Белорусија и Молдавија, Сату Кахконен, истакнала дека Киев добил многу повеќе пари од другите.

bregalnickimarketing

„Киев доби 5,5 милијарди долари… За жал овие пари не се употребени во целост“.

Според податоците на ООН, Украина сега е на ниво на најсиромошните азиски и африкански држави.

Во сите тие пресметки ги нема сметките за комуналии. Тие во 2013 година просечно по семејство изнесувале 400 гривни, а сега 2.500.

Провладиниот економист Александар Охрименко сета дека ситуцијата н е така лоша бидејќи голем број Украинци ги добиваат своите приходи во плико, на црно.

Состојбата од денешен аспект во Македонија споредена со таа во Украина е далеку поалармантна.

За разлика од Украина, во Македонија на пат остварување на сценариото за целосно обезличување на Македонскиот народ со промена на Уставот, името на Република Македонија, промена на националноста на народот т.е. граѓаните во државата, целосно понижување и сузбивање на Македонскиот Јазик и доведување на цела држава и цел еден народ во подредена улога на волјата на Грција. Сценариото кое се спроведува во Македонија според редица индикатори е подготвено во странски разузнавачки центри на моќ и со него се настојува да се заобиколи волјата на мнозинството Македонските граѓани преку секојдневни манипулации, лажење на јавноста од страна на официјалните институции а притоа се нанесува огромна штета врз економијата и инсистирање на брутална партизација на институциите и воопшто државата.

Економијата тоне, безбедноста на граѓаните не се подобрува, делењето на буџетски јавни пари за партиско богатење на поединци не престанува а исселувањето на Македонскиот народ е во подлн подем.

Сите тези на кои се базираше т.н. Шарена револуција во Македонија се прекршени од стртана на актуелната власт а голем дел од активистите кои посветено учествуваа во истата денес се на страната против актуелната власт за која се изборија да биде устоличена.

Во такви услови Македонија тековно се соочува со присилен геноцид на бришење на цел еден народ од демографската карта на народи цо светски рамки, за што  никој не води сметка за неповратната штета која се прави на Балканот како еден од најтурбулентните геогравски простори во светот.Оттука состојбата која беше предизвикана од константната криза во изминатите 4 години споредено со таа во Украина е далеку по лоша од секаков аспект.

Дел од текстот е превземен од порталот Денешен.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот