• Насловна
  • Брегалнички вести
  • Вести од Македонија
  • Вести од светот
  • Магазин
  • Забава
  • Глас од истокот
Брегалнички Портал
  • февруари 17th, 2019
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Насловна
  • Брегалнички вести
  • Вести од Македонија
  • Вести од светот
  • Магазин
  • Забава
  • Глас од истокот
Насловна
Глас од истокот

“Тажачка за непобедените” (ИЛИНДЕН 1903-1944-1991)

август 1st, 2018 Глас од истокот коментари
“Тажачка за непобедените” (ИЛИНДЕН 1903-1944-1991)

Ах Ти!

Гласу Македонски! Крик- громогласен!

Земјо на мајки Македонски, со рожба херојска, и грст зачнати предавници. Израснати јунаци но и клетници. Пространа земја која криела комити, до ден денес, од своите- на камен налегнати. Облечени, а голи, како отфрлени новороденчиња. Преполни со храброст а угнетувани од птици-грабливци. Крв која врие на тивко, за пополека да се претвори во пареа од чија што боја ќе се роди слободарската мисла. А не смееш глава да подигнеш, оти ѓаволот најмногу во братот македонски е влезен, оној врз азно што легнал, а воздухот-маглиште околу него станал. Стапала крварат за чедата дома, си ја гледаш сопствената крв која мириса на ропство: Карпалак, Вејце, Љуботен, Мечкин Камен-секој камен!

Тука народе плачат старите икони, со својата скаменета тишина, оставиле аманет да научиме, да раскажеме, на сите генерации.

Во 1903-та година и Македонскиот народ сам пред една цела империја. И реакционерните монархии кои брутално се мешале во македонските работи, поттикнувани од поробителските стремежи кон Македонија. Илинденскиот крвопис пред време прегорен а по волјата од бугарскиот дворец и наспроти потребата на првоапостолите на македонската револуција. Не од желбата да му се помогне на македонскиот народ побрзо да се ослободи, туку да му се нанесе удар на македонското ослободително движење, во слава на бескрајната врева пред портите на надворешниот свет.

Ништо не е променето ниту денес.

Македонија започнала да живее како слободна и рамноправна единица во новата федеративна Југославија што се раѓала. Со тоа се остварила вековната желба на нашиот народ за слобода. Се воздигнало делото на старите илинденци, продолжено со таква енергија и себеодрекување од нивните наследници, од младите борци и партизани, во 1941 г. Правото да одлучува за сопствената судбина македонскиот народ го искористил во 1991 година кога на референдум со огромно мнозинство се изјаснил дека сака да живее во независна држава која ќе се вика единствено Република Македонија. Факт кој некому треба повеќе пати да му се повтори. Тоа била јасно изразена народна волја, јасен одговор на сите негирања, без разлика на неодлучноста и определбите на дел од тогашниот политички врв.

Иако изминаа години, децении, дури повеќе од еден век, од првиот слободарски оган, македонскиот народ никако да заборави на аманетот на првите гласници на вистината дека само единствени и сложни можеме да ги надминеме сите препреки кои ни се на патот. Сите заедно, без разлика на пол и убедување, сите што живееме под ова Македонско сонце.

Но проклетството опстои и понатаму: Македонија се бори против своите продадени чеда негатори.

Илинден, е камен меѓник на чија цврстина и нерамнини се вкрстуваат минатото и иднината на Македонија, безвременска точка од која на реален начин можеме да ја оцениме сегашноста низ призма на жртвите и влогот на генерациите пред нас. Илинден е народна меморија која на најдобар начин нé опоменува дека Македонија е нашата најголема и најзначајна партија, нација и вера.

ВМРО- самото име декларативно кажува дека станува збор за ВНАТРЕШНА (пред се) МАКЕДОНСКА (на Македонскиот народ) РЕВОЛУЦИОНЕРНА (со револуционерна борба) ОРГАНИЗАЦИЈА и секакво влијание од страна на немакедонски елементи кои со политикантски интриги сакаат да влијаат на политичката определеност на членот на оваа организација, е загрозување на сопственото убедување и изневерување на основните принципи на организацијата. А со својата суштина овие свети четири букви прават безвременска верига на непрекината борба, за човечко достоинство, слобода и напредок.

Паролата СЛОБОДА ИЛИ СМРТ е родена од страдањето на народот кое веќе било толку неподносливо под власта на туѓите чизми што помила им била смртта, од самиот живот исполнет со страдање.

Кога Св. Илија ги токмел Огнените кочии за пат кон небото, не мислел дека зад себе остава потомство- следбеници кои во негова слава ќе сакаат да допрат до Бога, преку славата на животот и слободата. Во срцето на светот каде сонцето грее најсилно, во срцата на овој Божји народ слободата е единствената логичка награда. Ништо повеќе и ништо помалку.

И така стана. Утрото на денот кога Свети Илија се вознесе на небото при Бога, Македонскиот народ тргна да ја прегрне смртта. Во грчевит извик за слобода или смрт. Потече река слободољубив народ кој создаде иднина со својот крик:

“Подобро ужасен крај отколку ужас без крај”!

Рамо до рамо горостаси родени од најплодните полиња во светот, од ладот на најладните сенки на китните шуми заминаа да го прегрнат сонцето. Зошто неговата светлина и топлина само тие можеа да ја прегрнат во своите гради. И во нивните срца да се роди немир кој ќе ќе го разбранува ова бескрајно море, но во своја полза за првпат после толку векови.

Денес, Македонија повторно се соочува со наметнат проблем од некои соседи, и лекомислени македонци. Македонскиот народ го чекаат нови предизвици кои имаат за цел да го раздвојат македонското национално ткиво. Разни структури, домашни и од надвор, работат на разбивање на единството на македонскиот народ. Но, трите Илиндена, како темел на постоењето на македонската државност, никој не може да ги разруши.

И таму некаде во овој бескраен круг на непрекината борба рамо до рамо горостаси стојат со челото вперено кон хоризонтот, го чекаат новиот сончев бран, новата огнена кочија на светецот Илија, за што побрзо да се качат и да јурнат во прегратка на вистината.

Превземено од Фејсбук: Јасмина К. Трајановска

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter Google+ LinkedIn Pinterest
Претходна објава Честитка за Илинден од Градоначалникот на Берово
Следна објава Каракамишева - Нема да ви пројде, вие љубители на овој национален хорор филм
bregalnicki-admin

bregalnicki-admin

Вести од истокот на Македонија Почитувани, во последните повеќе месеци источниот дел на Република Македонија се соочува со едноумие и анемичност во информативниот простор, предодреден првенствено од лошите економски услови за опстојување на информативните гласила на овој простор. Брегалничкиот регион на Република Македонија има со што да се пофали и афирмира пред остатокот од државата, но и во меѓународни рамки. Исто така потиштени од огромниот број на проблеми со кои се соочува народот во овој регион, за кои што проблеми многу малку се говори и информира во јавноста изворно од теренот гледаме дека сосатојбите не се менуваат на подобро. Затоа решивме да смогнеме минимални сили за да започнеме со овој проект наречен едноставно БРЕГАЛНИЧКИ. Портал кој првично извира од народот и за народот... Колку ќе успееме да ја заслужиме Вашата читателска доверба, оставаме Вие самите да изградите сопствена перцепција.

Слични објави
Синоќа говореше моќта на вистината: Се наѕира нова надеж за иднината на Македонските граѓани

Синоќа говореше моќта на вистината: Се наѕира нова надеж за иднината на Македонските граѓани

јануари 29th, 2019
Противправниот процес со кој се донесе Преспанскиот договор е поопасен дури и од самиот договор

Противправниот процес со кој се донесе Преспанскиот договор е поопасен дури и од самиот договор

јануари 27th, 2019
Министерот вели да сме прошетале... Со кои пари и по кој пат?

Министерот вели да сме прошетале... Со кои пари и по кој пат?

јануари 23rd, 2019
Борбата за идејата на Република Македонија како земја на народот секогаш ќе постои

Борбата за идејата на Република Македонија како земја на народот секогаш ќе постои

јануари 17th, 2019
Нема да Ви кажам што да правите во деновите пред нас, само ќе Ви кажам јас каде ќе бидам кога ќе биде најпотребно

Нема да Ви кажам што да правите во деновите пред нас, само ќе Ви кажам јас каде ќе бидам кога ќе биде најпотребно

јануари 6th, 2019
Што Ви е навистина важно?

Што Ви е навистина важно?

декември 23rd, 2018
Facebook Comments
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

163
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

160
Најнови објави
Фев 15th 8:30 AM
Вести од светот

Соопштение на Координативното тело на Македонците за протести во Европа

Фев 14th 8:49 PM
Матна Брегалница

Споредба: Протести во Африка и протести во Македонија

Фев 14th 8:06 PM
Забава

Кој рече Среќен Валентин?

Фев 14th 7:45 PM
Вести од Македонија

Власта најавува попис без етничка графа, граѓаните најавуваат бојкот на таков попис

Фев 14th 7:23 PM
Вести од Македонија

Екс Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски се прости со својот поранешен вработен

Фев 14th 6:43 PM
Вести од Македонија

Христијан Мицкоски во посета на повредените од страшната сообраќајна несреќа

Фев 14th 6:23 PM
Вести од Македонија

“Муро” е спремен. Се чека “стадото” да го жигосаат

Фев 14th 6:13 PM
Вести од Македонија

Петиција за запирање на изградбата на регионална депонија во Свети Николе!

Фев 14th 5:03 PM
Матна Брегалница

Росоклија: Македонецот размислува: кое добро досега, мене и на мојата земја ни го донесоа “моите” партии и белосветскиве?

Фев 14th 4:53 PM
Вести од Македонија

Ќе садиме цвеќиња кај и да е на покривите околу студенскиот Кузман

Фев 14th 3:24 PM
Вести од Македонија

Познати идентитетите на загинатите во сообраќајната несреќа

Фев 14th 1:36 PM
Брегалнички вести

Започнуваат Регионални форуми во заедницата во Брегалничкиот регион

Фев 14th 12:35 PM
Вести од светот

Ефекти од класната борба во Париз: Ајфеловата кула во чад

Фев 14th 11:00 AM
Брегалнички вести

Какви автобуси/комбиња вршат јавен транспорт на патници низ Македонија

Фев 14th 10:30 AM
Брегалнички вести

Поскапеа фризурите во Штип. Честито! Во Делчево се уште ќе шишаат за исти пари

Прошетај по Брегалнички (Instagram domain)
Росоклија: Македонецот размислува: кое добро досега, мене и на мојата земја ни го донесоа “моите” партии и белосветскиве?

Росоклија: Македонецот размислува: кое добро досега, мене и на мојата земја ни го донесоа “моите” партии и белосветскиве?

139
Со присила над членството СДСМ барале да се лајкува сликата со Северна на владините профили на социјалните мрежи

Со присила над членството СДСМ барале да се лајкува сликата со Северна на владините профили на социјалните мрежи

117
Една слика , илјада зборови

Една слика , илјада зборови

79
Споредба: Протести во Африка и протести во Македонија

Споредба: Протести во Африка и протести во Македонија

49
На заминување затворете ја вратата да не фати промаја

На заминување затворете ја вратата да не фати промаја

79
loading...
Неделни топ 5 на Брегалнички
Со сачмарка изрешетана една од таблите со зборот на "С"
Вести од Македонија

Со сачмарка изрешетана една од таблите со зборот на "С"

Фев 14th, 2019 545
Повик за одбивање на фискални сметки и Бојкот на Северна
Вести од светот

Повик за одбивање на фискални сметки и Бојкот на Северна

Фев 13th, 2019376
Русјаков: Македонската дијаспора веднаш да направи влада на Република Македонија во егзил
Вести од Македонија

Русјаков: Македонската дијаспора веднаш да направи влада на Република Македонија во егзил

Фев 14th, 2019194
Легендарниот говор на Заев од Делчево пред Делчевчани во 2016 година
Брегалнички вести

Легендарниот говор на Заев од Делчево пред Делчевчани во 2016 година

Окт 14th, 2018157
Власта најавува попис без етничка графа, граѓаните најавуваат бојкот на таков попис
Вести од Македонија

Власта најавува попис без етничка графа, граѓаните најавуваат бојкот на таков попис

Фев 14th, 2019154
Архива на статии
© Вести од исток 2018. Сите права запазени.
Produced by Del-Corp Ltd.