Плодовите од омразата, како и од интелектуалното и морално слепило, комбинирани со невидена лакомост и аздисаност, шарените „револуционери“ допрва ќе ги почуваствуваат. Сега ги чувствуваат на планот на културата, за која наивно веруваа дека целосно ќе им припадне, макар што и досега им припаѓаше – барем делумно. Заборавија дека еднаш родениот/создадениот монструм продолжува да живее по своја автономна логика, газејќи ги и ништејќи ги сопствените создатели. Она што е создадено со омраза, наместо со љубов, продолжува со зло да живее. Молохот, еднаш роден, продолжува да ги проголтува и сопствените деца. Понекогаш, се раскажува, умее и да ги изблуее, за да може повторно да ги проголта. Не е лошо да го прочитаат Ранко Маринковиќ и неговиот роман „Киклоп.“
Љубомир Цуцуловски: Плодовите….
