БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски најави детален план со конечна цел чист воздух за граѓаните ширум државата

Пренеси го гласот

На настанот за одбележување на 80 годишнината од ослободувањето на главниот грд на Република Македонија Премиерот на Владата и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше во својот говор за повеќе актуелни теми од кои што и за една од најгорливите теми со кои се соочуваат граѓаните на главниот град но и ширум државата а тоа е загадувањето на воздухот.

Тој во својот говор направи кратка ретроспектива за изминатите 3 децении на постојано игнорирање и немоќ на институциите на системот да се справат со овој предизвик:

“Свесен сум дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми што секојдневно го чувствуваме. Често пати се срамам кога гледам како нашиот главен град- градот на слободата сега е меѓу најзагадените градови во светот. И посебно сум разочаран за тоа што се дозволи децении и децении ништо да не се превеме на оваа тема. И ве молам да не ја политизираме оваа тема затоа што тоа е колективен неуспех на сите политички елити досега кои управувале со државата и градот. Ниту една акција, ниту една стратегија, ниту еден проект… само тишина и неодговорност гледаме од најодговорните во главниот град. Години наназад ова прашање се третираше со незаинтересираност и игнорирање. Но ете граѓаните ги чувствуваат последиците на своја кожа. Таквата пасивност се плаќа со здравјето на луѓето.”

-рече во својот говор посветен на загадувањето на воздухот Премиерот Мицкоски за притоа да упати и своја политичка порака во врска со сите оние кои што на најнизок начин сакаат да профитираат политички на грбот на неприликите на граѓаните со ова болно прашање..”

“-Предупредувам дека оваа тема уште се политизира и тоа од оние кои што уште на локалните избори во 2017 година ветуваа живот и чист воздух и потоа со прст не мрднаа.

Зошто толку е тешка состојбата со загадениот воздух? Затоа што не постои едноставно ниту пак брзо решение. А секој кој што ќе ви вели дека може преку ноќ да се исчисти воздухот верувајте дека нема ништо да направи. Состојбата е таква затоа што тоа е последица на нефункционалниот систем и системските пропусти со заштитата на животната средина, повеќе од три децении. За да денес сите креваат раменици и прават поени од тоа. Клучот е во системско делување и големи вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадувањето. “

-рече Премиерот Мицкоски пред присутните во салата на МНТ во Скопје.

Во контекст на емисиите на штетни гасови кои што се испуштаат во воздухот, Мицкоски посочи дека ваквиот начин на енергетска зависност од одредени горива одговара само за оние поединци кои дебело профитираат.

„Во Скопје доминира чадот и штетните гасови, затоа што на некој со децении му одговара овој начин на затоплување и енергетска зависност од одредени горива од кој дебело профитираат поединци. Во таа насока во голема мера инвестициите во енергетиката треба да се насочат кон енергенси кои не загадуваат“, изјави Мицкоски.

Претседателот  на Владата, Мицкоски нагласи дека предвидени се низа системски мерки, се со цел намалување на загаденоста на воздухот. 

„Затоа денес сакам да објавам дека како Влада планираме големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план чиј финиш ќе биде чист воздух и здрава животна средина, но и зголемена енергетска ефикасност. Предвидена е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која треба да обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и тоа ќе обезбеди меѓу другото и зголемена енергија која ќе се користи во стопанството. Ветувам промени и активно работам тие да се случат што поскоро“, дециден беше Мицкоски.

Мицкоски најави строги ограничувања и зголемени контроли кои ќе се вршат кон најголемите индустриски загадувачи и исто така сет на мерки кои ќе овозможат Македонија да биде место каде ќе имаме чиста и здрава околина. Нагласи дека потребно е разбирање од граѓаните како и заедничка сплотеност за решавање на овој проблем, затоа што чистиот воздух ни е потребен на сите и мора да успееме. 

„Воведуваме строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе ги контролираме најголемите индустриски загадувачи. Обезбедуваме субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Ќе започнеме програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори. Овие мерки се само почеток, бидејќи иднината на Скопје и на Македонија е во чистата и здрава околина. За ваквите чекори потребно е разбирање и заеднички напор и само така ќе успееме“,

-заклучи Мицкоски согласно неговите и напорите на Владата за широко општествено обединување на народот на Македонија во функција на сите важни општествени прашања .

Креирано од:


Пренеси го гласот