БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

30 години од згаснувањето на животот на Блаже Конески

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 во селото Небрегово, прилепско каде што живеел до својаа осум годишна возраст. Тој е еден од најзначајните македонски дејци во минатиот век од современата македонска историја.

Блаже Конески е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик што го чини еден од столбовите на постоењето на Македонскиот современ идентитет и развој на Македонизмот за сите идни времиња.

Тој бил филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик“, „Историја на македонскиот јазик“, „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија“. Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: „Јазикот е нашата единствена целосна татковина“. Покрај другите награди, добитник е на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 1981 година.

Блаже Конески почина на 7 декември 1993 година.

Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име.

Литратурното дел на Блаже Конески, неговата поезија и проза се бележит мозаик на богатството на Македонскиот збор преку кој што авторот продолжува да живее после неговата физичка смрт, но и непресушен бунар на инспирација за сите идни генерации. Целокупното творештво на Блаже Конески е неуништив штит против нападите на сите негатори на постоењето на Македонскиот јазик и во основа постоењето на Македонскиот идентитет.

Во продолжение пренесуваме една од неговите најубави песни:

Убавите жени на мојот народ

Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.
О неправда!
Тие им припаѓале на неизбрани мажи,
нивните коси дење сплетени во прцлиња
ноќе распуштени по градите и колковите.
Нивниот постап на препелица
набрзо го сопинала унечка,
нивната младост поминувала
како мирис на липа што го одвева ветрот.
Набрзо тие седнувале на порта
со наведната глава и издадени коленици,
со нечујна издишка.
Убавите жени, несреќните жени
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace