На вечерашната дебатна емисија Топ Тема на ТВ Телма Политичкиот аналитичар и активист во граѓанскиот сектор Александар Кржалоски ја изнесе квалификацијата дека и покрај ветувањата актуелната Влада не го зголемила буџетот за финансирање на активности поврзани со граѓанските организации.
Тој во оваа прилика го запраша Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за намерите доколку тој стане премиер дали по примерот на зголемените субвенции кое што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го направи во земјоделието, дали планира да направи реформа во однос за финансирање на граѓанските организации?
Мицкоски на ова прашање соопшти:
“Сето она што е во интерес и на невладиниот сектор и на граѓаните ние сме тука како политичка партија сега во опозиција и како идна влада за кое што можеме да разговараме.
Стоиме и сега како најголема политичка партија во опозиција во иднина и како влада да разговараме и сметаме како партнер на кој што ќе се потпреме на невладиниот сектор, посебно во делот на мониторингот и оние checks and balances кои што треба да ги примениме во делот на реформите во судството и обвинителството, “
-соопшти Мицкоски во оваа прилика.