БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

75 годишнина од формирањето на батаљонот “Мирче Ацев” на Славеј Планина

Пренеси го гласот

На 18 август, ќе се чествуваат 75 години од формирањето на батаљонот “Мирче Ацев” – Првата регуларна единица на Македонската народноослободителна војска, кој воедно се прославува и како Денот на Армијата на Република Македонија. ОО на СБ од НОАВМ Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца на Славеј Планина, традиционално, организираат масовен народен собир.

На манифестацијата ќе присуствуваат поголем број членови на СБМ од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Скопје и други, припадници на АРМ, како и истанатите граѓани кои сакаат да одадат чест. Делегации ќе положат цвеќе пред споменикот од НОВ, а пригодни обраќања ќе имаат претседателот на ГО на СБМ, Д-р Никола Стојаноски, претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца и потпретседател на ГО на СБМ, Гоце Георгиески.

Свеченоста ќе биде збогатена со пригодна културно – уметничка програма.

Батаљонот Мирче Ацев Бил формиран од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот НОПО „Дамјан Груев“, делови од Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, делови од Прилепскиот НОПО „Ѓорче Петров“ и новопристигнати борци од Дебрца. Тој бил прва регуларна воена единица на Народно-Ослободителната Војна и Партизанските Одреди на Македонија, -прв батаљон на Втората оперативна зона.

На почетокот на месец септември 1943 година извршил значаен борбен поход во кој била создадена првата слободна територија во Македонија во Дебрца и ослободен првиот град – Кичево. Почнувајќи со акции од 7 септември 1943 баталјонот извршил напади на италијански карабинерски станици во Охридско, урнал три моста на патот Кичево – Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, на 11 ноември ја запалил жандармериската станица во селото Сливово, а на 12 септември влегол во првиот ослободен град – Кичево, каде учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон.

bregalnickimarketing

Во почетокот на октомври 1943, заедно со Првиот косовско-метохиски НО баталјон „Рамиз Садику“ и Вториот кичевски НО баталјон, влегол во состав на Групата баталјони и во периодот од 5 до 9 октомври водел борби кај селата Извор, Кленоец, железничката станица во Подвис, извршил диверзии на патот Ресен – Охрид и се судрил со бугарските гранични сили на планината Баба Сач. Кога главнината на Групата баталјони била вратена во одбрана на слободната територија на Дебрца, околу 70 борци на баталјонот дејствувале на комуникацијата Битола – Ресен. Подоцна заедно со други единици на НОВ и ПОМ, баталјонот водел борби против германско-балистичките сили во Кичевско (5 октомври), со бугарските гранични единици (6 октомври) и на планината Бигла со бугарските единици од ресенскиот гарнизон (24 октомври). Со групата македонски и групата косовски баталјони водел борба со германско-балистичките сили кај Кичево, селото Раштани (1 и 2 ноември) и на планината Буковиќ (6 ноември), по што влегол во составот на каде влегол во составот на Првата македонско-косовска НОУ бригада. Баталјонот бил расформиран на 11 ноември 1943 година, во селото Сливово во Охридско каде влегол во составот на Првата македонска НОУ бригада. По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот – 18 август е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ)[1]

Креирано од:


Пренеси го гласот