БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

8 години од трагедијата во с. Стајковци: Подготвеност на државата за справување со кризни состојби, клучни аспекти и индикатори

Пренеси го гласот

Македонскиот систем за справување со кризи е како квачка која кога и дојде јајцето за снесување, тогаш бара гнездо каде да го снесе јајцето.

Дали Македонија но и поширокиот регион на Балканот има целосно операбилен систем за справување со ризици од природни закани од поширок карактер кој што може да одговори на потребите на граѓаните?

Катастрофа по катастрофа во изминатите повеќе од 10 години не ги научи носителите на јавни функции во државата дека нивна работа е да обезбедат поголема ефикасност за превенција но и справување со тековни кризи кои што потекнуваат од различни предизвикатели.

Поплавите и пожарите се најексплицитни примери на закани за јавната безбедност но не треба да се заборават и редица други кои што како потенцијална можност на нашите простори постојат.

Балканот, како регион во југоисточна Европа, има разновиден опсег на природни карактеристики и е подложен на различни природни настани кои можат да доведат до јавни кризи од пошироки размери кои се однесуваат за поширока популација на луѓе и поширок географски простор. Некои од примарните природни причини за појава на јавни кризи вклучуваат:

  • Земјотреси како најголема јавна закана за безбедноста на луѓето и материјалните добра

Балканот е дел од сеизмички активен регион, познат како алпско-хималајски сеизмички појас. Ова ја прави областа подложна на земјотреси. Познати се голем број на земјотреси со поголем интензитет кои историски предизвикаа значителни штети и загуби на човечки животи, особено во населените области каде што можеби не е градена инфраструктура за да издржи силни потреси. Македонија како држава која е позната по децениска традиција на имплементациа на знаења за асеизмичко проектирање и изградба на градежни објекти после 1963 година, се наоѓа во Втората зона на сеизмичи подрачја каде се подразбира дека се очекува појава на земјотреси со поголема амплитуда на осцилација на тлото. За превенција од катастрофалното разорно дејство на земјотресите во голема мера се надлежни градежните инжинери кои работат на проектирање и изведба на градежни објекти низ државата. И како човечки потенцијал можеме да кажеме дека Македонија располага со добар кадар кој што произлегува од Градежниот Факултт во Скопје. Негативните појави во градежништвото во државата се посебно прашање кое е можеби од второстепено значење но не траба да бидат заборавени заканите кои моѓе негативно да се рефлектираат на прцесот на изградба на еден градежн објект.

Влијанието на земјотресите во целокупниот квантум на јавни закани е доминантно и затоа одговорноста и свеста на градителите низ државата мора да биде на највисоко ниво на професионалност.

  • Поплави од атмосферски води кои периодично се појавуваат на ограничен простор на многу локации низ државата, а за кои многу ретко кога се превземаат конкретни мерки за превенција и заштита од нивното влијание.

Регионот доживува обилни врнежи, што може да доведе до излевање на реките, поројни поплави на суводолици и поплави во урбани средини, особено во пролет и есен. Лошото урбанистичко планирање и несоодветните системи за одводнување може да го влошат влијанието на поплавите, предизвикувајќи голема штета на имотот и инфраструктурата а понекогаш и со човечки жртви.

  • Шумски пожари и пожари на отворено

За време на топлите и суви летни месеци, Балканот е ранлив на шумски пожари, особено во шумските и руралните области. Овие пожари можат да бидат разорни, да ги загрозат животите, домовите и екосистемите. Факторите како климатските промени, човечката небрежност и практиките за користење на земјиштето може да ја зголемат зачестеноста и интензитетот на шумските пожари.

  • Суша и сушни атмосферски состојби

Сушите се уште една значајна јавна закана, особено за време на подолги периоди на високи температури и мали или никакви количини на врнежи. Тие можат да доведат до недостиг на вода, да влијаат врз земјоделството и да го зголемат ризикот од шумски пожари. Стратешките определби на поширокиот региона на Балканот како и во Македонија и растечката потреба за храна го прават земјоделието нераскинлив дел од државните политики на сите држави во југоисточна Европа. А како закана за земјоделството сушите се особено влијателен фактор, што влијае на безбедноста на храната и економијата.

  • Одрони и свлечишта

Планинскиот терен на Балканот го прави подложен на лизгање на земјиштето, особено по обилни дождови или земјотреси. Одроните може да ја уништат инфраструктурата, да го нарушат транспортот и да загрозат животи. Дополнително поради потребата од изградба на големите инфраструктурни сообраќајни коридори се дестабилизираат постојните косини на планините кои што поради недостиг на сретства, аматеризам и политички фактори остануваат несоодветно обработени а со тоа претставуваат своевиден ризик за луѓето и останатите материјални нешта.

  • Екстремни временски настани

Регионот може да доживее екстремни временски настани, кои што се случуваат во ограничено мал временски интервал/период н со огромен несакан интензитет. Во ваквите јавни закани спаѓаат силни бури, град и топлотни бранови. Овие настани може да предизвикаат штета на инфраструктурата, објектите, земјоделието, да го нарушат секојдневниот живот и да претставуваат здравствени ризици за ранливите популации.

  • Епидемии и кризи во јавното здравје

Иако не е строго природна катастрофа, ширењето на болестите може да биде под влијание на природни фактори, како што се климата и условите на животната средина. Балканот се соочи со јавни здравствени кризи поради појава на болести, понекогаш влошени од лошата здравствена инфраструктура или социо-економските услови.

Експлицитни примери кои треба да алармираат за нашата неспособност како држава за предвидување, и превенција на природни закани од поширок карактер

Дали поплавата во Стајковци во 2016 година за која еве денеска се навршуваат 8 години од нејзиниот страшен епилог ги научи надлежните ФУНКЦИОНЕРИ со извикани функции и дебело платени позиции од пари на граѓаните, дека нешто треба да се промени? Дали се превземени конкретни мерки на микро и на макро ниво во државата?

Дали поплавите во 2015 година овозможија некакви промени во однесувањето на скапо платените функционерски позиции на различни нивоа на власт и расштимана институционалност во државата?

За пожарите во 2021 година нема да прашувам дали е нешто направени туку јасно ќе потврдам дека нема никакво поместување до ден денес во системот за превенција и заштита и спасување на државата. Мал зрак светлина е соработката со ЕУ системот за справување со јавни закани, кој што можевме да го видиме летово во функција низ планините и висорамнините низ Македонија.

Приказ на пожар на планината СРЕДНА кај село Тработивиште, делчевско (август 2021 година)

Скопскиот земјотрес во 1963 година со неговите катастрофални последици беше огромен аларм после кој се превзедоа серија на државни мерки и политики за да се инвестира во асеизмичко проектирање и изградба на градежни објекти што е своевиден светол пример за извлекување целисјодни пораки од една трагедија.

Овие природни причини, често засилени од човечки фактори како што се урбанизацијата, уништувањето на шумите и климатските промени, можат да создадат значителни предизвици за регионот, кои ќе влијаат на безбедноста, економската стабилност и квалитетот на животот.

Можности и насоки за воспоставување на респонсивен систем за справување од закани од природни појави од поширок карактер

Преку илустративна анализа за подготвеноста на државата (национални институции, граѓански сектор, локална самоуправа, бизнис сектор, индивидуални граѓани, медиуми…) за справување со криза со пожари на отворено или поплави во локалната заедница ќе се обидам да направам компаративна дистинкција за општата кондиција на системот за справување со криза преку суштински индикативни мерки, од кои може да се воочи посветеноста и инволвираноста на секоја алка од најважниот систем во државата а тоа е безбедноста од пошироки кризи и закани..

Системот за подготвеност на целокупните ресурси на една држава за предвидување, превенција и заштита и спасување од земјотреси, пожари, поплави, суши, одрони и свлечишта, епидемии како и екстрмни временски појави вклучува различни аспекти и индикатори кои обезбедуваат една заедница ефикасно да одговори и да се опорави од таквите настани.

Еве неколку клучни аспекти и индикатори што треба да се земат предвид и преку кои што може да видиме дали и колку сериозно нашиот систем за превенција заштита и спасување е функционален:

1. Свесност и едукација на заедницата

bregalnickimarketing
  • Кампањи за подигање на јавната свест: Ширење информации за ризиците од природните закани од поширок карактер, афирмација на превентивни мерки и процедури за постапување во итни случаи.
  • Образовни програми: Програми за обука и работилници за заштита од природни закани од поширок карактер, вклучувајќи планови за евакуација и безбедни практики.
  • Комуникација за ризик: ефикасни канали за комуникација за информирање на заедницата за потенцијалните закани и нивоата на опасност од природни закани од поширок карактер.

2. Инфраструктура и ресурси

  • Инфраструктура отпорна на природни закани од поширок карактер: Згради и структури дизајнирани или доградени за да се спротивстават на ефектите од природните закани.
  • Капацитет на службите за итни случаи: достапност и подготвеност на локалните служби за превенција, заштита и спасување, противпожарни служби, просторни сили, кризни штабови, совети за превенција, логистика, службите за итна медицинска помош и други лица кои први реагираат.
  • Водоснабдување и одведување на води: Доволно водни ресурси, соодветно заштитени и обезбедени како и пристапни точки за располагање со вода за потребите за справување со природните закани од поширок карактер.

3. Планирање и одговор при итни случаи

  • Планови за итни случаи во заедницата: Добро дефинирани правци за евакуација, собирни точки и протоколи за итни случаи.
  • Системи за рано предупредување: Сигурни системи за предупредување на жителите за потенцијјалните природни закани, како што се сирени, мобилни предупредувања или системи за известување во заедницата.
  • Координација и комуникација: Воспоставени канали за координација меѓу локалните власти, службите за итни случаи и членовите на заедницата.

4. Обука и вежби

  • Редовни вежби и симулации: вежби низ заедницата за практикување на процедури за евакуација и акции за одговор при итни случаи на проектирани јавни закани и кризни состојби.
  • Прва помош и основна обука за постапување во кризни состојби: Обука за членовите на заедницата за прва помош и основни техники за постапување во услови на проектирана природна закана.

5. Ангажирање на заедницата и волонтерство

Групи за спречување пожари во заедницата: Локалните групи се фокусираа на активности за превенција и подготвеност од пожари.
Доброволни пожарникари: обучени волонтери кои можат да помогнат во напорите за гаснење и евакуација.

6. Креирање и ажурирање на просторни планови за превенција и заштита и спасување од природни катастрофи

Динамичноста на влијанијата на климатските промени како и менувањето на структурата на урбанистичките, катастарските, конфигурациата на земјоделското земјиште, областите под шуми, пасишта, суводолици, реки, потоци, акумулации, археолошки и историски локалитети, заштитени зони, електро енергетски објекти и водови, телекомуникациска инфраструктура, итн. налагаат нивно сериозна изработка, ажурираност како и специфично ангажирани специјалисти и експерти во управувањето со просторните планови на ниво на држава.

7. Проценка и следење на ризикот

  • Мапирање на опасност: Идентификација и мапирање на високоризични области за природни закани од поширок карактер.
  • Континуирано следење: употреба на технологија, софтвер, аналитички центри, како и беспилотни летала и сателитски снимки, за следење на состојбите и областите подложни на потенцијални закани од поширок карактер.

8. Распределба на ресурси и финансирање

  • Распределба на буџетот: Доволно финансирање за опрема, обука и мерки за подготвеност за итни случаи и состојба на потенцијални закани од природни катастрофи.
  • Инвентар на ресурси: Соодветно складирање на опрема, медицински материјали и резерви за итни случаи.

9. Посткризно закрепнување и поддршка

Планови за опоравување: Планови за обновување по појавата на природна катастрофа, вклучувајќи обнова на инфраструктурата и обезбедување поддршка на погодените поединци.
Услуги за ментално здравје и советување: Услуги за поддршка за ментално здравје и советување за траума за засегнатите членови на заедницата.

10. Партнерства и соработка

Соработка со регионални и национални агенции: Партнерства со државни и национални агенции за ресурси, експертиза и поддршка.
Јавно-приватно партнерство: Соработка со приватни компании за ресурси, опрема и финансирање.

Индикатори за подготвеност

Време на одговор: Брзина на одговор од службите за итни случаи на инциденти од природни катастрофи.
Ефикасност на евакуација: Ефективност на процесите на евакуација, вклучувајќи навремено известување и безбедно преместување на жителите.
Учество на заедницата: Ниво на вклученост на заедницата во активности за подготвеност, како што се присуство на вежби и образовни програми.
Адекватност на ресурсите: Достапност и состојба на опремата, засолништа за итни случаи и медицински материјали.
Обнова по настанот: Брзина и ефективност на напорите за обновување по настан од природна катастрофа.

Овие аспекти и индикатори помагаат да се измери подготвеноста на заедницата за природна катастрофа, осигурувајќи дека тие можат ефикасно да ги ублажат ризиците, да реагираат на итни случаи и да закрепнат од катастрофи.

Креирано од:


Пренеси го гласот