БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во полициската станица во Делчево почна “размотување на клопчето”. Поведена дисциплинска постапка против 4 полицајци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку социјалните мрежи пренесе информација за поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност против четворица полицајци од Полициската Станица во Делчево.

“Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави предлог за утврдување на дисциплинска одговорност за четири лица – полициски службеници од ПС за ОН Делчево при СВР Штип.

Имено, одделот постапуваше по доставена анонимна пријава за случена сообраќајна незгода во која како учесник се јавува малолетно лице, притоа учесникот во сообраќајната незгода и неговата мајка – поранешен заменик командир на ПС за ОН Делчево дале изјава дека повредата настанала при поместување на мотор, а не при случена сообраќајна незгода.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од страна на полициските службеници од ПС за ОН Делчево при постапување за сообраќајната незгода направени се повеќе пропусти и притоа тие постапиле спротивно на Колективниот договор на МВР. Дежурниот полицаец Д.М. при примањето на пријавата од страна на доктор, не изготвил службена белешка за примена пријава и настанот не го евидентирал во Книгата за евиденции.

Полициските службеници И.Д и В.Г. по пријавениот настан за сообраќајната незгода не извршиле разговор со докторот за видот на повредите и не го документирал настанот со цел поднесување соодветен поднесок против учесникот во сообраќајната незгода. Додека, полицискиот службеник Л.А. издала наредба за полициските службеници, настанот да не се заведува во службената евиденција, бидејќи согласно нејзино наоѓање, не станувало збор за сообраќајна незгода.”

-напиша Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во свое соопштение до јавноста.

Фото извор: МВР

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace