БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев се заблагодари за донацијата на Мунир Шемски наменета за набавка на заштитни средства и опрема за полициските службеници

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за Внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев денеска упати своја јавна благодарност за Минир Шемски кој што е по потекло од Центар Жупа а во моментот живее и успешно работи во Италија.

Тој во пораката упатена преку социјалните мрежи се заблагодари за донираните 30.000 евра кои што ќе бидат наменети за набавка на заштитни сретства и опрема за полициските службеници.

Во продолжение ја пренесуваме пораката на Наќе Чулев по овој повод:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес остварив скајп разговор со господинот Мунир Шемси кој е по потекло од дебарскиот крај, општина Центар Жупа, а во моментов живее и е успешен бизнисмен во Република Италија.

Во рамки на разговорот изразив особена благодарност што од негова страна беа донирани 30.000 евра кои се наменети за набавка на заштитни средства и опрема за полициските службеници кои се во првите редови во справувањето со пандемија од корона.

Донацијата доаѓа во исклучително важно време за сите нас и иницијативата за истата потекнува токму од господинот Шемси што дополнително дава важност на овој исклучително голем гест направен од негова страна.

Тој истакна дека за него преставува задоволство што во вакви моменти има можност да донира на сопствената татковина и за својот народ и нагласи дека во иднина стои на располагање за помош и поддршка на институциите во нашата земја.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace