БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Започнуваме со реконструкција на обиколница Крива Паланка, реализираме историски најголеми инвестиции во Крива Паланка и регионот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Имаме рекордни инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка и регионот. Само преку Владата, преку двата јавни повици инвестираме преку 200 милиони денари за проекти, а денеска започнуваме и со рехабилитација на обиколница Крива Паланка, истакна при денешната посета, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид во рехабилитацијата на овој патен правец како дел од Коридор 8. 

Проектот се реализира преку ЈП за државни патишта, а инвестицијата е преку 65,5  милиони денари.  Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерoт Николоски:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денеска започнувме со рехабилитација на обиколница Крива Паланка. Тоа е логичен сплет на големиот проект кој што беше пуштен во јануари оваа година, а тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресен пат кој што веќе го менува животот за овој дел од Македонија. Веќе со едно пријатно возење се стигнува од Скопје до Крива Паланка. Со рехабилитацијата на обиколницата, оние кои што патуваат кон Софија, Бугарија исто така побрзо и побезбедно ќе може да патуваат. Во таа насока би сакал да спомнам дека активно се работи на реконструкција и на Граничниот премин, активност која што ја започнавме минатата година и активност која има добра динамика и која очекувам да биде завршена набрзо и да има поголем проток на границата.

Преку Владата преку два повици еден оваа година, еден минатата година, Владата инвестира вкупно 200 милиони денари во проекти во општина Крива Паланка, што е еден историски рекорд и нешто што никогаш не е направено за овој крај и оваа општина. Секако тука се и другите општини, Ранковце и Куманово и сите кои гравитираат кон овој регион. Ќе продолжиме да работиме во периoдот кој е пред нас и да имаме други успеси”-изјави вицепремиерот Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace