Оддаваме почит на словенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Создавачи на првата старословенска азбука глаголица, темел на писменоста на словенските народи. Во 9. век, тие го отворија патот на ширење на образованието и христијанството низ Европа, обликувајќи го културниот и интелектуалниот развој на регионот.
Македонците, како дел од европското словенско семејство, се дел од ова извонредно културно наследство, чија еволуција и напредок се втемелени на универзалните вредности што ги застапуваа Кирил и Методиј.
Честит 24 Мај!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Драган Ковачки со честитка по повод денешниот празник: Нека вечно блеска светлината на македонското слово и дух
Во чест на светите Кирил и Методиј: Одбраната на македонскиот јазик е одбрана на историската вистина
Јанчев: Рударското лоби доби привилегии – Левица ќе поднесе иницијатива до Уставен суд