Што си: девојка, жена, мајка? Што си ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи телото мое, молитвено што клечи. Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи. Што си: девојка, жена, мајка, што си?
Што си ти застаната со спокој темен пред ова тело чиј глас со виј го гони ветрот што лута под тајни небосклони, чиј глас е жед и виј на вијот земен. Што си ти застаната со спокој темен?
Што си ти: девојка, жена, мајка, ти – скаменета пред влезот на овој храм со моќно име: ПОБЕДУВАМ, па ова тело возвишено го крена. Што си ти: девојка, мајка, жена?
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ
Над 15 години искуство со создавање на содржина на интернет платформи: -blogspot, -facebook, -twitter, -youtube, -instagram,
Експерт за ПР активизам, фотограф, блогер, видео продуцент, CMS web дизајнер, WHM & CPanel хостинг, Систем администратор, оператор со MySQL дата бази.
Градежен инжинер, Менаџмент на проекти, граѓански активист, фармер, планинар, љубител на природата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун