Адвокат од Скопје (Janaki Mitrovski) нуди бесплатни ПРО БОНО услуги за сите оние музичари кои се ангажирани од страна на Владата за планираната прослава за утре на 14-ти Јули по повод наводното добивање на датум за почеток на преговорите за прием на земјава во НАТО.
Во неговиот повик стои:
Повеќе артисти се јавија дека биле во заблуда, или на некој начин не знаеле во што се впуштаат кога потпишале договор за прослава на некаква си покана за НАТО.Заблуда, согласно законот за облигациони односи, е основ за раскинување на договор.Му нудам на секој артист pro bono правна помош доколку сака да го раскине договорот.Доколку треба артистите да плаќаат пенали поради тоа, фер е да се помогне.И тоа прво од оние што сте најгласни.Отвараме сметка и донираме пари за таа цел.Јас прв донирам.Артисти охрабрете се, можеби ке изгубите еден хонорар ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме.