БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ахмети и неговите фантоми

Пренеси го гласот

Претседателските и парламентарните избори во Македонија веќе се во полн ек, според реториката, ако не оперативно.

А реториката е заострена и бесна, откако Али Ахмети по се изгледа почна да насетува крах за неговата партија и неговата иднина. Ова се случува за прв пат по 22 години, кога тој ја соблече терористичката униформа и ја замени за одело, а планината ја трампаше за канцеларија. Според неговите најнови изјави, може слободно да се каже дека тој како да е загрижен. А и треба да биде, бидејќи ништо не трае вечно.

Најновите коментари на Ахмети се однесуваат на фантоми, односно за фантомското руско мешање во изборите во во Македонија. Ахмети и неговата партија водат кампања на чело на „европскиот фронт“ – што и да му значи тоа – со паролата „Да за Европа, не за Русија“. Како некој во Македонија навистина да сака Македонија да биде дел од Русија. Ахмети продолжува со старата приказна на СДС/ДУИ дека, доколку политичките партии не попуштат пред барањата на Бугарија да ги вклучат Бугарите во македонскиот Устав, тогаш – престо! – Македонија веднаш ќе западне во руската орбита.

Тука имам два коментари: прво, се работи за стари, мрзелив аргумент на СДС/ДУИ – „Нашиот од кон Европа е неизбежен и ние мора да ги тргнеме настрана нашите забелешки за промената на Уставот и да го менуваме колку пати и да биде потребно за да станеме членки на ЕУ. Не постои друг начин.” Тврдењето дека „нема друг начин“ е мрзливиот и некреативниот дел од овој аргумент – затоа што не е точно, и затоа што е измислено за да се спречи понатамошната дебата. Вистината е дека има и други патишта. Неодамна, високите лидери во ВМРО предлагаа креативни начини за решавање на овие прашања, притоа задржувајќи ја европската ориентација на Македонија. Но за СДС/ДУИ има само еден пат – нивниот пат.

Мојата втора точка тука е помрачна, малку позастрашувачка: не треба да се плашиме од Русите, туку од ДУИ, кои имаат докажано искуство за употреба на насилство, како во минатото, така и денес, додека ја пишувам оваа колумна. Оваа партија – и нејзините лидери, вклучително и Ахмети и сегашниот технички (за среќа краткотраен) премиер – произлегуваат од насилство. И Али Ахмети и Талат Џафери употребуваа смртоносна сила, пукаа, рануваа и убиваа Македонци. Тоа се луѓе кои не би се двоумеле повторно да го сторат тоа. Бидејќи веќе се во поодмината старост и физичкиот опаднати, тие најверојатно нема лично да појдат во борба, но ќе бидат сосем подготвени да поттикнат други да земат оружје. А и зошто да не? Еднаш со оруже го добија тоа што го сакаа. Зошто не би им успеало повторно?

Не само тоа, туку и партијата – нејзините лидери и членови и активсти – се вмешани во корупција, вклучувајќи и трговија со жени и девојки, со оружје и дрога. Минатата недела градоначалникот на Арачиново, криминална албанска енклава северно од Скопје, беше цел на обид за атентат (неговиот возач беше ранет). Веројатно во случајот била вклучена дрога, бидејќи Арачиново е познат центар на трговија со дрога. Овој случај на насилство е само најновиот ваков пример во низата од многу престрелки и убиства меѓу Албанците од доаѓањето на СДС/ДУИ на власт.

bregalnickimarketing

Целиот Текст на Macedonian Content Farmers.

Креирано од:


Пренеси го гласот