БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

АЛАРМ! Нова измама за незаконско прибирање податоци на граѓаните со ознаки на УЈП

Пренеси го гласот

Граѓани на социјалните мрежи јавуваат за нов вид на измама. Станува збор за т.н. фишинг односно незаконско и неовластено прибирање на лични податоци кои што можат да се користат за разно-разни активности на штета на граѓаните. Измамата функционира на тој начин што корисници на социјалните мрежи или иматели на телефонски броеви добиваат порака преку апликациите за комуникација. Во пораката има линк кој што упатува кон форма која бара внес на лични податоци како и број на платежни картички. Измамата е маскирана со домен на интернет страна со ознаки и термини кои асоцираат на оние на Управата за јавни работи, па за граѓани кои што не се доволно упатени може да претставува вистинска закана за злоупотреба на нивните лични податоци.

“Ми стигна СМС од +389 75 835 246 со содржина:
УЈП: Извршете ја задолжителната пријава
`https://ujp-gov.mk/potvrda`”

-стои во пораката со која се таргетираат граѓаните и содржи интернет врска која води до апликацијата која ги бара личните податоци на граѓаните.

Ова е закана која што треба надлежните во МВР да ја санкционираат веднаш со цел заштита на граѓаните.

Вака изгледаат формите и податоците кои ги бара оваа фишинг апликација:

Креирано од:


Пренеси го гласот