БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Амедија- градчето од кое потекнуваат тројцата мудреци што го посетиле Исус Христос на денот на неговото раѓање

Пренеси го гласот

Градчето Амедија е лоцирано на северот од Ирак е единствениот антички град кој што не може да се шири или расте по површина. Сместен е на врвот на планина на 1400 mNv на 230 км од градот Ербил, само на 10 км од турската граница.

Амеди или Амедија е еден од најзначајните историски локалитети во целиот регион. Историчарите тврдат дека е основан 3000 години пред нашата ера како дел од Асирската Империја, иако градчето во текот низ историјата многупати било окупирано од разни завојувани страни.

Ова место е многу добро познато по тоа што на оваа територија слободно и во мир коегзистираат Христијаните, Муслиманите и Евреите долги години наназад во историјата.

Но во неговата 5000 годишна историја градчето Амедија е познато најмногу поради фактот што од ова место тројца од најважните свештени лица во цела Персија тргнале за Витлеем да го видат новородениот Исус Христос на денот на неговото раѓање. Денеска овие тројца свештеници се познати како Тројцата мудреци (или како тројцата кралеви) кои први му донеле подароци на новородениот спастел на човечкиот род.

Да Тројцата мудреци што го посетиле Исус Христос на неговото раѓање навистина живееле во градчето Амедија.

Ова ирачко градче не е многу динамично и возбудливо со гравитација на луѓе. И поокрај значителниот број на туристи кои може да се сретнат како ги крстосуваат неговите мали улички.

bregalnickimarketing

Градчето е познато по неговите 14 антички порти преку кои што се влегува во самото населено место.

Најимпресивната од сите порти е Бахдинската Порта која што е речиси 14 метри висока, ккоја што е зачувана во првобитната состојба.

Креирано од:


Пренеси го гласот