БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Љубиќ: Ми доаѓа да вриснам на сиот глас…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Да го запалам последното чкорче кое останало само, и се тутка од лево на десно , туткајќи се и јас во овој си демек наречен живот.

Ми доаѓа  да запалам цигара и се   загубам во димот кој ме тера да кашлам , ќе се задушам, па што дека, веќе одамна се гушам и без запалената цигара, и без димот…

Ми доаѓа така на  глас да викам , божем нешто ќе можам да сменам.. а знам дека не можам ништо , тука, бидејќи сум едно семче, едно чкорче кое се тутка лево па десно, и не знае до кога така .

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ми доаѓа да  почнам да плачам а потоа силно да се смеам на животот, така за инает на се,  да црвено светло да поминам а на зеленото да стојам… тука каде животот  застана, каде само  часот минува, каде болните не оздравуваат  и секој ден се повеќе луѓе умираат.

Тука каде  се збогуваме, ги губиме пријателите и саканите, тагуваме по нив , а и во исто време се радуваме за нив бидејќи нема да се туткаат лево, ниту десно , туку ќе го пронајдат вистинскиот пат.

 Тука ги закопуваме спомените, старите книги ги затвораме, ја подигаме ролетната за последното утро во собата во која ми е пола живот… ја отвораме вратата да замириса и надвор на кафе, па и соседите да дојдат бидејќи не знаеме дали повторно ќе се сретнеме.

Превриено од живот, од будалаштини, од лаги, од рози…

Почнав да мразам се  , нема љ од љубоб во овој суров свет.

Нема среќа.. на нејзино место се парите.

Нема време.. немаме ништо во свет во кој велат има се и сешто .

Каде сум ? се имам заборавено себе си , се гледам во огледалото не сум јас, па ми доаѓа да го скршам божем нешто тоа ми е криво…

Се загубив… ги губам моите воздишки, ги губам моите стапки, се вртам назад ама празно е , темно , нема човек, нема душа, нема живот, во безвремено време…

Ми го нема домот, се е претворено во пламен… нека гори… нека изгори се до последно, се до темел и секоја коска во пепел се престори.

Нема… нема ништо кое ме врзува јас тука да сум, нема ништо кое моите корени ги врзува за мојата земја, бидејќи и мојата земја не е веќе моја, ја чувствувам како туѓа, отуѓена ,  дискриминирана, не прифатена и секаде одбиена.

Мојата земја е тажна, земја богата со историја , а сакаат се да и сменат, нешто ново за неа да напишат, се што прават не го прифаќа правиот Македонец, останатото се е  под контрола, контролата   е ај ти замижи.

Тука е  приказна за црвенкапа и волкот, но и волкот ќе се најде некој да го голтне.

Ново јас не прифаќам , ја сакам мојата земја онаква каква што е , ја сакам само една Македонија, ја сакам со сите нејзини раскоши , со сите нејзини бои,  маката која  ја има доживеано морници ми буди низ телово, и секој кој животот го има дадено за Македонија, наша една и единствена го чувам , за да зборувам , за да пренесам и на моите деца  дел од нашата државаа, за кажувам и на внуците мои македонци, дека тука, тука имаше секакви турбуленции, паднувања, но Македонија успеа да застане на нозе.. тоа е сонот мој.

И тогаш нема да ми доаѓа да врескам и такувам од жал,  туку гордо ја пеам химната, гордо ги споемувам Гоце, Даме, Питу , народните песни срцево да ми го галат и ме ежат целосно, и тогаш  кога ќе сум збрчкана и стара , и кога солзите ќе течат низ моето лице, сакам  мирно да заспијам знаејќи дека Македонија оживеа, Македонија успеа, Македонија  ќе успее  и долго ќе живее само со вистински Македонци…

Пишува: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот