БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Анализа за причините за намалувањето на капиталните расходи од Основниот Буџет на Општина Делчево

Дали општинската локална самоуправа во Делчево е претворена во социјална служба за згрижување на партиски гласачи на СДСМ и роднински поврзани поединци со партиските функционери на СДСМ во Делчево кои што директно или индиректно генерираат помал учинок и реализација на капитални инвестиции за подобрување на животот на делчевчани?
Пренеси го гласот

Дали општинската локална самоуправа во Делчево е претворена во социјална служба за згрижување на партиски гласачи на СДСМ и роднински поврзани поединци со партиските функционери на СДСМ во Делчево кои што директно или индиректно генерираат помал учинок и реализација на капитални инвестиции за подобрување на животот на делчевчани?

Прашањето на негативните последици од зголемувањето на ставката за плати и надоместоци во Буџетот на Општина Делчево е проблематично прашање од повеќе аспекти:

1. Со зголемување на минималната плата од страна на владата на СДСМ и ДУИ што е оправдано согласно трошоците за живеење наметнатати од високата инфлација, се зголемува и ставката за плати и надоместоци во Буџетот на општина Делчево. На тој начин во Буџетот на ЕЛС Делчево поради ограничените приходи кои остануваат горе-доле на исто ниво како и пред покачувањето на платите, се намалува буџетот за капитални расходи со што граѓаните добиваат намалена услуга од страна на општината. Намаленото ниво на капитални расходи од Основниот Буџет на Општината наменети за изградба и реконструкција на улици, канализации, водоводи, други капитални расходи неопходни за подобар стандард на делчевчани дополнително ќе се одрази на економијата во општината, на условите за водење бизнис, за зголемено ниво на проблеми со патната, водоводната и канализационата инфраструктура, уличното осветлување, уредувањето на јавни површини, чистењето на водотеци, на ингеренциите за заштита и спасување и речиси сите надлежности на општината. Општината Делчево поради ваквата состојба во огромна мера зависи од дотациите на централната власт што поради составот на владата (на СДСМ и ДУИ) поради политичката провиниенција на актуелниот градоначалник Горан Трајковски кој е од СДСМ некако се балансираат состојбите иако во недоволна мера и несоодветно напоредно со потребите на граѓаните. На тој начин општината де факто е доведена назат во 1-ва фаза на децентрализација што е наспроти сите демократски определби на нашето декларативно државно уредување во граѓанско општество. Зависноста на општина Делчево од парите од централниот Буџет од Владата се пресликува кај сите општини низ Македонија што е своевидна форма на социјализам каде што луѓе од штабот на Биџаќка и штабот во Мала Речица одлучуваат каде ќе се инвестираат пари за развој на општините. ВАКВАТА ПРАКСА СЕРИЗНИ ПОЛИТИЧАРИ ВО ИДНИНА ТРЕБА ДА ЈА НАДМИНАТ И ДА ДОЗВОЛАТ/ОВОЗМОЖАТ ПОГОЛЕМО НИВО НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА НА ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ПОТРЕБАТА ОД РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ (Што беше тоа?) НА СИТЕ РЕГИОНИ ВО ДРЖАВАТА.

2. Поради инфлацијата во државата, зголемениот износ на ставката на плати и надоместоци во Буџетот на општина Делчево диктира реална потреба за зголемување на приходите во Буџетот што ќе доведе до раст на даноците врз основа на кои се финансира општина Делчево. Таа постапка не се спроведува од едноставна причина што поради гол популизам наметнат поради неспособноста на властите да одржуваат одржлив и стабилен раст и развој се плашат од одговорот на граѓаните кои и така се “утепани” од зголемените цени на животен стандард за преживување. Држењето на ваквата статус кво ситуација ќе овозможи дополнително намалување на расходите за капитални инвестиции во основниот Буџет на општина Делчево што дополнително ќе се одрази на ложиот животен стандард за делчевчани. Досега можеби и гледавме депониии на сите страни, обраснати јавни површини, несанирани дупки по улиците, нефункционално улично осветлување итн. итн…. но во наредниот период поради ваквите состојби ситуацијата ќе деградира кон уште повеќе проблеми доколку нешто сериозно не се промени во начинот на практикување ДЕМОКРАТИЈА во Делчево а сукцесивно и во останатите општини низ Македонија.

3.Кон ваквата неповолна состојба дополнително продонесува речиси никаквата искористеност на меѓународни фондови за финансирање на проекти од значање за подобрување на стандардот за живеење на делчевчани. Во изминатите 6 години откако Горан Трајковски е градоначалник на Делчево не е добиен ниту еден поголем значаен проект од меѓународни фондови за разлика од претходно. Проектот за изградба на Филтер Станица за вода за пиење НЕ Е НЕГОВ ПРОЕКТ затоа што реализацијата на истиот започна во 2011 година и се одвиваше во континуитет до 2016 кога беше потпишан Договорот меѓу Швајцарската агенција за развој, Општина Делчево ЈКП Брегалница и Министерството за локална самоуправа. За проектот за водоснабдување на Делчево ќе посветам друг текст посебна анализа за неговата имплементација во наредниот период. Овде го споменувам само како илустрација за неспособноста на менаџментот на актуелниот градоначалник на општина Делчево Горан Трајковски.

РЕШЕНИЕТО на ваквата драматично лоша состојба со расходите на Основниот Буџет на Општина Делчево (како и останатите општини низ државата) е во трансформација на општествениот систем на државата во целост. Со соодветни законски измени во Собранието, со јасно декларирана стратешка визија за децентрализација на државата, со широко транспарентни и методолошки строго дефинирани процедури МОРА да се овозможи вистински рамномерен развој на сите општини во Македонија. Во спротивно ќе се доврши запустувањето на Делчево и сите помали општини а потоа на ред за запустување ќе дојдат и поголемите опшштини во Државата. Концентрацијата на економска активност во Скопје е сценарио за уништување на МАкедонија, Македонскиот идентитет, традиција, и воопшто постоење.

Македонија е во Делчево, во Пехчево, во Берово, Македонска Каменица…. А во овие места снемува Македонци! Намерно или случајно, историјата ќе одговори!

ПС Како негативен куриозитет ќе го споменам случајот со немилосрдната сеча на опожарените шуми во Пијанечко-Малешевскиот крај од која што општина Делчево немаше ама баш никаква финансиска корист освен хонорарите на физикалците кои учествуваа во сечата на шумите. Овој грабеж на богатството на нашиот регион е особен индикатор за трулоста на општиот државен систем во Македонија која врз основа на ваквите состојби е предодреден да пропадне кога-тогаш ако соодветенчовечки потенцијал со свое знаење и визија во блиска иднина не го спречи овој слободен пад кон бездната.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот