БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанчев: Рударското лоби доби привилегии – Левица ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, бидејќи, како што истакна пратеникот Сашко Јанчев, со нив се прават сериозни законски и уставни прекршувања во корист на рударското лоби.

Како што појасни Јанчев, народот во Македонија изминатата деценија континуирано се спротивставува на отворањето рудници преку протести, трибини, блокади и локални референдуми, кои во повеќе општини завршиле успешно.

„Тоа е повеќе од јасен показател дека ископот на македонската руда не е само прашање на профитабилност на рударското лоби, туку станува збор за поширок јавен интерес кој власта не смее да го игнорира“, вели Јанчев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според Левица, наместо да го почитува отпорот на граѓаните, власта влегла во „уште едни збрзани измени“ на Законот за минерални суровини, направени, „по желба на рударското лоби“.

Јанчев објасни дека со спорните измени се дозволува издавање дозвола за копање руда уште пред да заврши постапката за експропријација, односно пред земјиштето од приватна да премине во државна сопственост. „Тоа е во директен судир со постојниот Закон за минерални суровини, кој предвидува дека пред да се даде дозвола за копање, треба претходно да се даде концесија за експлоатација“.

Од партијата додаваат дека измените се спротивни и на Законот за експропријација, кој предвидува дека пред доделување концесија мора да заврши експропријацијата и имотот да премине во државна сопственост. „Било кој во државата, доколку сака да прави нешто на некоја недвижност, должен е прво да ги реши имотно-правните односи, освен рударското лоби согласно предметните измени. Со тоа сите други граѓани и правни лица се ставаат во подредена положба пред законите и Уставот“, вели Јанчев.

Партијата смета дека измените се спротивни и на член 30 од Уставот, кој го гарантира правото на сопственост, како и на член 9, според кој сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. „Поради сето ова, пратеничката група на Левица во понеделник ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд со која ќе бара поништување на предметните измени“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace