Јане Ченто кон судот:
Не барам амнестија, останувам до крај и вие судете ми.
– Со оглед дека овој предмет е тежок и предизвик и за вас како судии и за нас како обвинети, морам да му кажам на судот да има предвид дека покрај законот донесен од политичките елити, јас Јане Ченто сакам Вие, а не политичките елити да ме судат,
-изјави Ченто.
Посочи дека сите, а најмногу јавноста сакаат да се дознае вистината за 27 април.
– Точно е дека сме влегле во Собранието, но секој мора да сноси одговорност за тоа што го сторил внатре. Никој не може да не помилува. Имам целосна доверба во Вас и вашата одлука што ќе ја донесете. Време е да покажеме дека имаме правна држава.
Јас нема да поднесам барање за амнестија. Останувам до крај и вие судете ми,
-изјави Ченто.