• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија
Политика

Јане Ченто: Сите што ме познавате да застанеме заедно зад Проф. Гордана Силјановска Давкова да ја испратиме оваа банда во историјата

април 4th, 2019 Македонија, Политика коментари 901
Јане Ченто: Сите што ме познавате да застанеме заедно зад Проф. Гордана Силјановска Давкова да ја испратиме оваа банда во историјата

На фејсбук страницата “Слобода за Јане Ченто” беше објавен текст од Јане Ченто, пренесен од неговата мајка:

Драги пријатели,

победата и сами знаете оти е блиску.
Таа ќе стане уште поблиска и поскоро ќе биде спечалена, ако секој чесен македонски граѓанин не си ги губи деновите држејќи се настрана од оваа борба против оваа криминална власт. Секој загубен ден е продолжување на животот на оваа криминална банда, продолжување на нивните ѕверства и малтретирање на секој оној кој мисли различно од нив.

Секој треба да биде свесен за оваа вистина и за одговорноста која ќе ја понесе секој пред сопствената совест и пред граѓаните на Република Македонија.

Затоа ве повикувам, мои роднини, мои пријатели, сите оние кои што ме познавате, сите оние кои сакаат да си оди оваа криминална власт, тоа да го докажете во битката која предстои а тоа се претседателските избори на која ќе застанеме зад Проф. Гордана Силјанвоска Дафкова и уверен сум дека ќе победиме на предстојните избори и ќе ја испратиме оваа банда во историјата.

На 21 Април нема да гласате само за Гордана Силјановска Дафкова туку ќе гласате и против ова зло предводено од Зоран Заев, запомнете го тоа. Овие избори треба да го означат почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата криминална банда.

Почитувани пријатели, истомисленици, борци против овој режим, време е да се обединиме во интерес на Република Македонија во пресрет на изборите кои следат, да се обединиме против ова зло кое владее со Македонија и да ги поразиме на овие избори а со тоа се отвора патот да му го зададеме последниот удар на предвремените парламентарни избори на есен.

Како сите народи, големи и мали, така и ние сме исправени пред дилемата да избереме еден од двата спротивставени фронта, два системи, две гледишта за нашата татковина. 
Во овие моменти, ние како поробен народ и држава треба да застанеме категорично на фронтот на демократијата, слободата и правдата. 
Тоа е долг на секој од нас кој што ја сака оваа татковина.
Можеби сите имаме грешки, но сега е моментот да се сплотиме под знамето на Република Македонија, сите кои се против овој режим, Македонија не вика.

Сите граѓани на Република Македонија ја видоа политиката на Зоран Заев која се состои од заткулисни зделки и одлуки кои се штетни за Република Македонија. Ова ли е правдата да ги пуштаат од притвор тие што му требаат за да обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието, пазар кој сите го гледаме и ден денеска. Тие ли се европски вредности, со уцени за да се собира 2/3 мнозинство во Собрание? Не би рекол.

Јас сум уверен дека народот нема веќе доверба во оваа банда која е на власт, бидејќи се разголија и видовме колку вредат. 
Видовме банда која краде, уништува, монтира судски процеси, мести тендери и носи штетни историски одлуки за Република Македонија.

Ситуацијата од ден на ден се влошува, има обид да се лишат македонците од своите историски сеќавања и ги принудуваат во објекти на принудна асимилација.

Државните институции се узурпирани од банда на криминалци и мора да ги ослободиме за да имаме правна држава.

Ние денес сме на крстопат, но мораме да решиме дали сме подготвени да ги браниме државните интереси и интересите на граѓаните или вечно ќе се предаваме и ќе се повлекуваме пред овие бандити. Со оваа банда која е на власт ние од ден на ден доживуваме национален дебакл и катастрофа во која тонеме се подлабоко. Погледнете насекаде околу вас и ќе видете разочарани и понижени граѓани, наведнати глави, тажни лица, слика која е одраз на тешкиот денешен живот. Имаме општ распад на системот на сите полиња.

Доживеавме премиерот и министрите во Владата на СДСМ да ги преќутуваат нашите браќа и сестри во Егејска Македонија и да се плашат да кажат дека таму има луѓе што зборуваат македонски јазик и кои се изјаснуваат како Македонци. Па тоа ни во најцрните ропства не го правеле нашите поробувачи, а денес премиерот на Република Македонија го прави тоа и негира дека таму живеат македонци кои зборуваат македонски јазик.

Затоа ве повикувам сите и десни и леви и оние од центарот, да се обединиме против ова зло, да го тргнеме овој јарем кој ни го ставија а потоа да ја градиме Република Македонија.

Имам порака и до оние кои сакаат да бојкотираат а тоа е: драги пријатели, имате шанса за бојкот во вториот круг ако видите дека оваа криминална банда ги краде изборите, затоа ве повикувам и Вас, излезете во првиот круг на 21 Април и не го бојкотирајте првиот круг, напротив излезете масовно и со пенкало во рака урнете ја оваа банда уште во првиот круг, нека видат дека народот не стои зад нив, и дека народот ја враќа Државата во свои раце.

Да се избориме за перспективна и прогресивна Република Македонија , да се потпреме на сите оние кои и мислат добро на оваа држава и имаат морална вредност, бидејќи на Македонија и треба еволуција. 
Никој не треба да се води од лични амбиции, туку од взаемните вредности, да се обединат напорите за решавање на проблемите кои секојдневно ги демнат македонските граѓани.

Моменталната слика во Собранието што ја гледаме, не е Собрание на интелектуалци и луѓе кои што и мислат добро на својата татковина, туку е толпа лакома за пари и зависна од неколку луѓе.
Чест на исклучоци.

Во борба против оваа банда која е на власт треба да учествуваат вистинските синови и ќерки на Република Македонија , само тие може да имаат смелост, храброст и издржливост за да победиме против ова зло. 
Оваа влада на чело со Зоран Заев нема праведна моќ која потекнува од македонските граѓани. Во овој момент Македонија не е Република, туку владее одвратен деспотизам и тоа мора да запре.

Овие што ја туркаат Македонија да се самоукине се паразити полни со лицемерие и подла суровост.
Македонските граѓани ја откријаа подлоста и лицемерието на овие паразити и ќе му се спротистави на 21 Април кога ќе му даде жолт картон.

Сега е моментот сите партии, здруженија, поединци да ги исполнат нивните стремежи и да започне нова ера на соработка против оваа криминална власт.
Никој не треба да ги игнорира неправдите од минатото, лекциите од историјата, но сега е моментот да се сплотиме, бидејќи тоа го бара нашата таковина.

Ве повикувам сите добронамерни граѓани кои ја гледаат оваа неправда што се случува во Мaкедонија да излезете на 21 Април и да ја поддржите Проф. Гордана Силјановска Дафкова за иден претседател на Република Македонија.

Со победата на Проф. Силјановска ќе бидеме на еден чекор да го отфрилме ова ропство во кое не држи оваа банда.
По победата на Силјановска ќе има предвремени избори на есен , а тогаш сите партии ќе покажат колку вредат и врз тоа ќе имаме нова власт во Република Македонија која ќе биде чесна, достоинствена и праведна.

Од слободниот човек не може да се направи роб, затоа што слободниот човек е слободен и во затвор.

Да живее Република Македонија!

Јане Ченто

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Митре Милошевски за Охрид ветува бесплатна здрава храна за учениците од 1-во до 5-то одделение
Следна објава Малолетна ученичка пријавила дека чуварот на училиштето ја допирал
Може да Ве интересира:
Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

февруари 26th, 2021 122
Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

февруари 22nd, 2021 124
Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

февруари 17th, 2021 195
Николоски: Верувам дека во наредниот период ќе се докаже дека Зоран Заев е сторител во случајот "Рекет"
Политика

Николоски: Верувам дека во наредниот период ќе се докаже дека Зоран Заев е сторител во случајот "Рекет"

февруари 12th, 2021 181
Ковачки: Шеќеринска не почитува процедури а потоа релативизира и избегнува одговорност
Политика

Ковачки: Шеќеринска не почитува процедури а потоа релативизира и избегнува одговорност

февруари 9th, 2021 146
Николоски: ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ НА МАКЕДОНИЈА Е ШТО СКАПУВА ВО КОРУПЦИЈА!
Политика

Николоски: ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ НА МАКЕДОНИЈА Е ШТО СКАПУВА ВО КОРУПЦИЈА!

февруари 5th, 2021 122
Ова се лагите и манипулациите на Никола Димитров поради кои треба да биде отповикан од пратениците од функцијата
Политика

Ова се лагите и манипулациите на Никола Димитров поради кои треба да биде отповикан од пратениците од функцијата

февруари 3rd, 2021 121
Мицкоски до власта: Прифатете електронски попис или одложете го за пролетта 2022 година
Политика

Мицкоски до власта: Прифатете електронски попис или одложете го за пролетта 2022 година

февруари 3rd, 2021 104
Николоски со став дека не може и нема да има преговори за Македонскиот национален идентитет кој беше пренесен на Португалија како држава која претседава со Советот на ЕУ
Политика

Николоски со став дека не може и нема да има преговори за Македонскиот национален идентитет кој беше пренесен на Португалија како држава која претседава со Советот на ЕУ

февруари 2nd, 2021 123
Facebook Comments
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

393
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

1232
Најнови објави
Фев 26th 10:46 AM
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 22nd 6:21 PM
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 21st 9:22 AM
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 17th 8:40 PM
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th 8:30 PM
Институции

За општина Штип гасификацијата е реализирана но само на ниво на планска документација. Ништо од ветената изведба на терен

Фев 17th 7:12 PM
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th 12:16 PM
Регион

Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Фев 16th 6:43 PM
Регион

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

Фев 15th 9:15 AM
Институции

СДСМ Кочани и Општина Кочани преку идентични соопштенија комуницираат со јавноста

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 21st, 2021 152
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021153
Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 22nd, 2021122
Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 26th, 2021122
Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира
Регион

Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира

Фев 7th, 2021106
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
burning man fest 047
Creative-Photo-Ideas-for-Real-Daredevils-13
graduates2018-29
laura-wells 04
Jim Morrison 38
12-11-2015-1447336705
thylane blondeau05
COB Shoot-5 0444-585x390
36710262153 815af101b2 o
Monica Bellucci 88
57325301 366155357330967 8692110167459758080 n
Jim Morrison 27
glamour 017
Monica Bellucci 77
7-30-744x1024
glamour 021
Monica Bellucci 81
sophia loren01
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.