БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Анкета: Над 60% од Македонците сметаат дека државата се движи во негативна насока

Пренеси го гласот

Државата се движи во погрешен правец! Ова е заклучокот на над 60% од испитаниците на најновата декемвриска анкета која што ја направи агенцијата Маркет Вижн во период од 8-ми до 15-ти декември на репрезентативен примерок од 1067 испитаници.

Дури две третини од испитаниците не поддржуваат давање на концесија на хидроцентралата Чебрен на грчка компанија.

Само 9.2% од граѓаните одговориле дека државата се движи во позитивен правец, што како бројка одговара на партиските членови на СДСМ и ДУИ кои што добиваат повластици од власта.

Во однос на етничката припадност на испитаниците интересно е тоа дека дури 66.1% од испитаниците од македонската етничка припадност сметаат дека државата се движи во негативна насока а дури 47.3% испитаници од албанска националност сметаат дека земјата се движи во негативна насока..

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале дури 29,9% од испитаниците.

Приближно половина или 44,1% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата, инфлацијата и намалената стопанска активност.

Најголем дел или 87,1% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

Над 80% од испитаниците сметаат дека цените на производите и понатаму растат. Во исто време 31,3% од испитаниците очекуваат во следните шест месеци нивниот животен стандард да се влоши.

bregalnickimarketing

Повеќе од половина од испитаниците (55,8%) сметаат дека ЕСМ не работи одговорно. На прашањето „кое е вашето мислење во однос на давање концесија за хидроцентралата Чебрен на грчка компанија?“, дури 65,7 отсто од испитаниците дадоа негативен одговор, а само 8,55 отсто позитивен.

Во однос на антикризните мерки на Владата со кои финансиски се помага голема група на граѓани со пакет од преку 600 милиони евра, само 17% од испитаниците ги поддржуваат предложените мерки знаејќи дека истите би се обезбедиле со задолжување на земјата.

Повеќе од една третина односно 37% од испитаниците се согласуваат со оценката на опозицијата за последниот извештај за прогресот на Македонија добиен од Европската Комисија. Со оценката на власта дека се работи за позитивен извештај се согласуваат само 11,5 отсто од испитаниците.

Анкетирањето беше спроведено од 8 до 15 декември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.067 испитаници со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Р. Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот