Денеска во посета на граѓаните на Виница и виничко беше Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Притоа Јанушев ги слушна секојдневните проблеми на оваа општина кои како клон се пресликуваат низ целиот Брегалнички регион. Клон кој што е создаден од СДСМ. Во разговорите со Генералниот секретар на опозиционата партија граѓаните укажаа на катастрофалните услови за живот кои што се пресликуваат во поразителните бројки на огромниот број на исселени граѓани од Виничката општина.
Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава од денешните средби со жителите на општина Виница:
“Продолжуваме со посета на населените места во рамки на акцијата која што ја најавивме и која ја спроведуваме каде што ги посетуваме буквално, буквално сите населени места.
Денес сме во Виница и виничко, овде во Истибања a ќе ги посетиме населените места Јакимово и Градец. Разговараме со граѓаните и едноставно можеме само да потврдиме во која состојба, во какви услови живеат. Условите се повеќе од лоши, условите се катастрофални, а за тоа има само еден виновен. Еден човек е крив за сите овие работи, негативни кои што се случуваат во Република Македонија и тој човек има име и презиме. Тој човек е Зоран Заев. Од она што имав прилика денеска да го видам и од разговорите со граѓаните дефинитивно можам уште еднаш да потврдам дека поразот кој што следува на СДСМ и Зоран Заев на 12 Април е неминовен.
Она што ниту локалната, но ниту централната власт не мрднала со мал прст да ги подобри, да создаде подобри услови за живот. Сето тоа ќе се промени после 12 Април. Ветуваме многу работа, оставање буквално на сите наши капацитети на располагање. Обновата дефинитивно доаѓа после 12 Април во нашата држава.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Брзата пруга станува реален проект. За час и половина ќе се стигнува до Солун
Николоски: Имаме пет клучни проекти во здравството кои ќе ги реализираме благодарение на договорот со Велика Британија, а наша амбиција е и модерен клинички во Скопје
Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар