Една од најчесто поставуваните дилеми во однос на родителството и оставањето на потомство од врската меѓу еден маж и жена е тоа дали децата треба да имаат иста боја на очите како и нивните родители.
Оттука се појавуваат определени дилеми дали можеби жената го мамела својот сопруг затоа што по раѓањето на нивното дете веднаш се забележува дека детето нема иста или слична боја на очи на ниту еден од двајцата родители.
Најсигурно докажување на татковството е преку ДНК тест за сите сомнителни мажи кои што отворено или потајно се сомневаат во верноста на нивната сопруга.
Вистината е дека бојата на очите на новородено бебе3 варира најмногу поради недостаток на одреден пигмент. Кога ќе дојде на допир на сончева светлина окото на детето почнува да ја менува својата боја во различни нијански во период од шест месеци до една година.
Африкано-американските, Хиспанските и Азиските бебиња речиси по правило секогаш се раѓаат со темни очи кои остануваат темни, иако нијансата може да се менува по малку во тек на првата година. Но белите бебиња вообичаено се раѓаат со темно сини или по малку сиви очи и нивната боја може да се промени неколку пати до нивниот прв роденден. Што во превод би значело дека родителите можат комотно да се обложуваат која боја на очите конечно ќе добие нивното бебе.
Што е тоа што е одговорно за волшебната промена на бојата на очите кај овие деца?
Бојата на очите кај еден организам е резултат на пигментацијата на структурното ткиво во окото наречено ирис. Бојата на ирисот се движи во континуитет од многу светло сина до темно кафена. Најчесто бојата на окото се категоризира во три бои: Сина, зелена, кафена. Кафената боја на очи е најзастапена на светско ниво. Посветлите варијанти на боја на очите како што се сината и зелената се наоѓаат речиси ексклузивно помеѓу луѓето со европско потекло.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео запис на песната “Портрет на човекот страдалник” на Филип Јездиќ и вокал на Наташа Седлоска
Најава на прес конференција по повод финиширањето на проектот “Македонијо во срце те носиме”
Макфестовската “Изгреј сонце” со свој видео спот