Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска ја информираше јавноста за рехабилитацијата на дел од регионалниот пат кој што е на планината плачковица и води до викенд населбата “Вртешка”. Овој регионален пат е особено фрекфентен и користен од страна на граѓаните кои што поминуваат дел од своето време во природа и рекреација на планината Плачковица.
Лошата состојба на коловозот која што предизвикуваше потешкотии за возилата кои гравитираат по оваа патна делница ќе биде надмината во функција на претстојната зимска сезона.
“Денес асфалтираме и на дел од регионалниот пат во Плачковица.
Во соработка со Македонија пат се поправаат местата на кои е оштетен коловозот. Пристапот до викенд населбата Вртешка ќе биде значително подобрен. “
-соопшти градоначалникот Виктор Паунов во врска со оваа градежна активност.
ДРУГИ ОБЈАВИ
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта
Во Виница се работат планираните инфраструктурни проекти со напредна динамика и покрај тековните врнежи на снег