Почитувани читатели, драги пријатели,
горди сме што можеме да се пофалиме со нашата досегашна успешна работа која во огромен дел кореспондира со интересот и читателската публика која секојдневно ни укажува доверба.
Порталот “Брегалнички” во рок од само 4 месеци (јуни, јули, август, септември-2018 година) постигна вртоглав и рапиден пораст на својата посетеност, читателска публика и следбеници на социјалните мрежи. Нашата читателска публика се вбројува доминантно во групата на читатели од сите делови на Република МАкедонија. Истовремено нашиот портал располага со огромен потенцијал да оствари комуникација со публика од странство за што правиме посебна детална анализа и идни проекции за развој.
За овие 4 месеци макотрпна работа постигнавме нашиот портал да влезе на официјалните графикони за мерење на влијание и посетеност на светски-најрелевантниот мерач на вакви податоци на глобалната мрежа АЛЕКСА.
И не само што успеавме да се вброиме во најрелевантните за кои се објавуваат јавно вакви графикони на овој аналитичен сервис, туку од средината на месец јули оваа година, нашата посетеност рапидно расте со исклучително висок процент на раст по единица време.
Глобалниот светски ранг на www.bregalnicki.mk допре до високото 648.793-то место во цел свет додека во Република Македонија нашиот ранг допре до “пеколно” високото 666 место со тенденција тоа да расте.
Од ден за ден нашата посетеност расте што може да се забележи на сл. линк тука на специјализираниот сервис на АЛЕКСА.
Секако вршиме секојдневни мерења и анализи на застапеноста на содржинските материјали кои ги третираме на нашиот информативен портал, за што јадрото на порталот е подложен на секојдневна автоматизирана Гугл аналитика која ни овозможува да го следиме и контролираме растот, квалитетот на содржини и фрекфенцијата на нивна зачестеност на микро ниво во текот на денот, но и на подолги временски периоди од една недела, месец и повеќе.
Искрено сме убедени дека ваквиот пристап на аналитика на нашиот интернет портал ќе допринесе за уште поголеми успеси во однос на нашата основна мисија да го збогатиме информативниот простор во Република Македонија, особено во нејзиниот Источен-Брегалнички дел каде повеќе од евидентно е отсуството на медиумски плурализам и диверзификација на општествено размислување и став.
Нашата застапеност на социјалните мрежи е особено важна за што сме убедени дека носи позитивен ефект на нашата работа и мисија да допреме до што е можно повеќе читатели кон кои секојдневно градиме доверба која посебно ја цениме.
Свесни сме дека е потребен уште поголем напор за развој на нашите инсталации на социјалните мрежи но моменталната финансиска моќ која се базира на строг волунтаризам е предуслов кој планираме да го менуваме многу брзо во периодот што следува.
Фејсбук страна Твитер профил Инстаграм профил
Во многу брза иднина планираме надградување на нашиот модел на одржливост и развој, така што во интерес на Македонските граѓани веруваме дека ќе обезбедиме уште подобар сервис и услуга.
Она што беше идеја, блесна во искра, се распламти во оган.
Топлината, светлината и сите други благодети на овој оган искрено веруваме дека ќе допре до што е можно повеќе граѓани, но и ќе се одомаќини во нивните електронски уреди (компјутери, таблети, паметни телефони и др).
Затоа ветуваме макотрпна и посветена работа и максимално позитивистички пристап на работење во функција на развојот на нашето микро (на локално ниво) и макро (на регионално и национално ниво) општество.
Уредник
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стабилен и одржлив развој на Брегалнички.мк. Најава за новитети и развој на нашите услуги
Ви благодариме на довербата
Време е за уште еден чекор напред