Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки ја информира јавноста дека пратеничката група на партијата до Собранието поднела повеќе амандмани кои што се од насушна потреба за граѓаните во Брегалничкиот регион. Од редовните контакти со граѓаните на терен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ постојано ги сублимираат потребите на самите граѓани и стопанството и како законски предлози ги афирмираат во Македонскиот парламент, што е случај и во рамки на претстојната расправа за ребалансот на Буџетот на Владата на РМ.
Еден од основните потреби ако не и најважен проект за развојот на општините Делчево, Берово и Пехчево е изградбата на нов експресен пат преку Калиманско Поле, кој што значително ќе го подобри квалитетот на сообраќај и ќе го намали времетраењето на патување на граѓаните од овој дел од државата, со што условите за живот и можностите за инвестирање и економски развој во огромна мера ќе се подобрат.
Ковачки во своето соопштение до јавноста ги објаснува накратко околностите за ваквиот предлог кој што ќе се најде на расправа од пратениците.
“ЗА експресен пат Кочани-Делчево.
Денеска во Собранието започнува расправата за ребалансот на буџетот за 2022 година.
Од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу останатото, се предложени и амандмани кои се од исклучително значење за граѓаните од источниот дел на државата кој во последните 5 години е запоставен.
Имено, повторно предложивме амандман за проектирање и изградба на ЕКСПРЕСЕН ПАТ од Кочани до Делчево (преку Калиманско поле).
Со изградба на овој експресен пат, ќе се зголеми безбедноста на патувањето, ќе се скрати времето за транспорт на роба и патување на граѓани и комплетно ќе се отворат за инвестиции и развој на општините од крајниот исток на државата.
Исто така, во интерес на меѓудржавната соработка со Бугарија, со овој предлог даваме можност и покажуваме дека во целост сме на линија на изградба на инфраструктура која ќе ги поврзува двата народи.
Овој амандман минатата година беше одбиен од страна на владејачкото мнозинство на ДУИ и СДСМ.
Ги повикувам пратениците од мнозинството на СДСМ во македонското Собрание да дадат поддршка на оваа идеја и да гласаат ЗА.
Со гласање ЗА, конечно ќе имаат шанса да гласаат за европска Македонија која ја ветија и каква ја заслужуваат и македонските граѓани од истокот на државата.”
-соопшти Драган Ковачки- пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината