На денешен ден пред 84 годинi во Самобор во близина на Загреб излезе од печат стихозбирката “БЕЛИ МУГРИ ” на МАкедонскиот пoeт Коста (Кочо) Солев Рацин. Ова значајно литературно дело во историјата на Македонското постоење е составено од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори. Стиховите во песните се со социјалните и револуционерните теми кои што своевремено биле инспирација за значајните историски процеси кои што се спроведувале во Македонија но и пошироко на Балканот.
Значењето на стихозбирката “Бели Мугри” е огромно во однос на кодификацијата на Македонскиот литературен современ јазик после Втората Светска војна и претставува еден од камен темелниците на Македонскиот идентитет и воопшто постоење.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”