Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

“Бели Мугри” издадена на денешен ден во 1939 година е напишана на велешки дијалект кој е основа на современиот Македонски литературен јазик

Пренеси го гласот

На денешен ден пред 84 годинi во Самобор во близина на Загреб излезе од печат стихозбирката “БЕЛИ МУГРИ ” на МАкедонскиот пoeт Коста (Кочо) Солев Рацин. Ова значајно литературно дело во историјата на Македонското постоење е составено од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори. Стиховите во песните се со социјалните и револуционерните теми кои што своевремено биле инспирација за значајните историски процеси кои што се спроведувале во Македонија но и пошироко на Балканот.

Значењето на стихозбирката “Бели Мугри” е огромно во однос на кодификацијата на Македонскиот литературен современ јазик после Втората Светска војна и претставува еден од камен темелниците на Македонскиот идентитет и воопшто постоење.

Креирано од:


Пренеси го гласот