Целосно сме подготвени да ги пречекаме новогодишните и божиќните празници, во празничен дух и топла зимска атмосфера.
Градот е украсен со убаво новогодишно осветлување и разни светлечки реквизити, кои внесуваат радост и сјај на секој агол.
Улиците, плоштадот, кејот на река Брегалница и јавните површини, блескаат во празнична светлина, создавајќи пријатен амбиент, кој го прави Берово вистински топло и гостопримливо место, примамливо за туристите и сите оние кои сакаат да ги доживеат празниците во убава, мирна и автентична зимска атмосфера.
Во празничен и магичен новогодишен амбиент, Берово е целосно подготвено да ги пречека претстојните празници и дочекот на Новата 2026 година.
Со светлина, топлина и празничен сјај, градот ќе биде блескав дом за своите граѓани и срдечен, впечатлив домаќин за сите туристи, кои ќе одберат да ја почувствуваат новогодишната магија во Берово. ![]()
![]()
ПРОГРАМА ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ДЕНОВИ
02.01.2026 (петок)
12:00 часот
Настап на Кристијан Бенито
Пристигнување на Дедо Мраз и доделување на пакетчиња за сите дечиња
Забава со DJ BONO & DJ TAMMY
Локација: Плоштад ,,Димитар Беровски”
07.01.2026 (среда)
12:00 часот
Ана и Пријателите
Локација: Плоштад ,,Димитар Беровски”
Извор: Петар Ружински градоначалник на Општина Берово


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово