БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Биди предводник на промените! ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево со повик за избор на претседатели на општинските комисии

Пренеси го гласот

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево објави јавен повик за самокандидирање на кандидати за претседатели на Месните комитети во општината.

Станува збор за избор на 26 претседатели на Месни комитети кои што активно работат во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево. Повикот е отворен од 01 септември и ќе трае 14 денови заклучно со 14 септември.

Секој член на партијата има можност да биде избран врз основа на сопствените визија и предложен план за работа врз основа на досегашното партиско дејствување.

“ОК на ВМРО-ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО РАСПИШУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ КОМИТЕТИ!!!

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево сака да ги мотивира сите оние кои се подготвени лојално, чесно и достоинствено да ја извршуваат функцијата Претседател на Месни комитет и секој кој е спремен да ги споделува и брани политиките на ВМРО-ДПМНЕ, да се пријави на овој ЈАВЕН ПОВИК.”

-информираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот