Интегрален текст на прес конференцијата на Билјана Јанева од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип:
“Дека СДС се патолошки лажговци има многу докази. Но, најголем доказ дека најчесто лажат и ја манипулираат јавноста се токму нивните програми „За живот“ и „Можеме“.
Сакајќи да ви го доловиме нивното неснаоѓање во власта, ќе презентираме неколку проекти, кои СДС ги ветува и во двете програми, но во меѓувреме немаат ништо направено за да се реализираат.
Гасификацијата беше еден од главните адути на власта во заминување, но и после повеќе од 3 години, проектот не мрдна од мртва точка.
Добивме ветување од сите нивоа на власт дека во најкраток можен рок ќе се заврши Клиничката болница, но 3 години слушаме само за афери и криминални дилови.
Не беше доволно што излажаа и не изградија Студентски дом, па сега повторно манипулираат со штипјани и тоа со изградба на социјални станови.
Потребата од пречистителна станица е приоритет, 3 години нема конкретни активности, но затоа во програмата Можеме бесрамно се ветува на нашите сограѓани.
Почитувани,
Редно е оваа манипулативна и криминална власт да си оди. Доста беа лаги. Доста беа празни ветувања. Штипјани не заслужуваат!”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
30 годишна жена од Кочани нападната од двајца во нејзиниот дом
Лишен од слобода 39 годишник од Свети Николе
Дали полицијата конечно влезе во ЈКП “Брегалница” Делчево, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ