БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бисера Костадиновска: Нема ништо спорно во давањето на пари од министерството на познајнички

Пренеси го гласот

Само возела ролери со сопругот на модната креаторка од Битола која креира облека со мотивот од народни носии за 7 илјади евра народни пари, а со уметничката што добила речиси 18 илјади евра од министерството за накит со мотив на археолошки букви, се знаела од многу мала. Битола е мала, цел град го знам. Вака министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска се правда за обвинувањата дека министерство делело пари за проекти на нејзини другарки од Битола под изговор дека се креативни индустрии, а тие всушност немаат врска со националниот интерес на Македонија.

Речиси два часа се правдаше дека за секој денар решавале комисии со кои она немала врска, и дека ниту еден проект не е одобрен без да го помине филтерот. Трн во око стана прашањето за креаторката од Битола со модното студио од каде и таа самата пазари. Вели да таму пазарале, но се пофали и дека пазари во познатиоте бутуцу Зара и Масимо Дути, кои немаат врска со обвинувањата. Костадиновска Стојчевска вели дека ако е од Битола нема да дозволи уметници од овој град да не добиваат средства само заради тоа шт ја познавале.

Во обид да се одбрани од нападите за делењето буџетски средства на другарки од детството, министерката се вадеше дека на времето министерството давало милиони за филмови и документарци кои јавноста никогаш не ги виде. Жалела што културни работници се откажале од проекти само за да не се влечат нивните имиња по портали и во партиски соопштенија.

Инакум, имињата на членовите на комисиите што решавале за проектите, одеднаш и волшебно изчезнаа од вебјсајтот на министерсвото. За тоа бил виновен интернетот.

За разлика од сега, во минатото, не само што јавно се знаело кој учествувал во комисиите, туку станувало збор и за луѓе со видни имиња, уметници, професори и слично.

По објавувањето на резултати од годишниот конкурс за проекти од национален интерес на Министреството на култура за оваа година, во јавноста имаше бурни реакции дека пари се делат на анонимуси и блиски луѓе на министерката.

Извор: АЛФА ТВ

Креирано од:


Пренеси го гласот