БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бисера Стојчевска од селфијата во Делчево, заборави на распадот на спомен домот на Разловечкото востание во Разловци

Пренеси го гласот

Министерката за култура Бисера костадиновска Стојчевски беше во посета на градоначалникот на Делчево. Во рамки на посетата на оваа општина на карајниот исток на државата таа преку социјалните мрежи успеа да сподели голем број на фотографии, меѓу кои и пози од селфија со граѓани.

Но во рамки на нејзината посета на Делчево, случајно или не заборави да го спомене Спомен Домот на Разловечкото востание кој што е во фаза на распаѓање а е под директна ингеренција на самата министерка.

Игнорантскиот однос на Министерката Бисера но и останатите надлежни институции кон овој споменик на културата и архитектонско дело од огромно значење, допринесе во изминатите години овој значаен објект да биде лош пример за негрижата на институциите за своето материјално културно наследство.

За ваквата штетна состојба своја реакција во јавноста упатија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево прозивајки ја лично министерката преку социјалните мрежи:

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска вчера беше во работна посета на Делчево, каде заедно со омилениот градоначалник на нејзиниот шеф Таче, градоначалникот Горан Трајковски, направија стотици слики во обид да го прикријат нивното неодговорно работење!
Министерката најверојатно излажана од луѓето во нејзиното опкружување преку фејзбук статуси сакаше да прикаже дека нешто се случува и во делот на културата во Делчево.
За да биде подобро информирана Министерката за култура ќе и раскриеме неколку вистини за развојот на културата во општина Делчево!
Еве за почеток ќе ја информираме Министерката во каква состојба во моментот е Спомен Домот на Разловечкото Востание во с.Разловци, симболот за македонскиот непокор на овдешното население!
Министерке, повелете погледнете!а
Тажна е состојбата нели?!

Креирано од:


Пренеси го гласот