Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
– Почитувани сограѓани
Јас Благица Ласовска пратеник од ВМРО ДПМНЕ изјавувам дека нема да гласам за промена на Устав, со цел промена на нашето вековно име.
Не ме гласавте за тоа, немам мандат за такво нешто.
Големо ни е името и такво ќе остане.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!