БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

БЛАГОДАРНОСТ ДО РЕКТОРКАТА НА УКИМ, ПРОФ. Д-Р БИЉАНА АНГЕЛОВА

Пренеси го гласот

Од името на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ своја најголема благодарност кон ректорката на УКИМ Проф. Д-р Биљана Ангелова упати проф. д-р Кристина Николовска која што е директор на МСМЈЛК при УКИМ.

Во писмото упатено до јавноста стои:

“Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ изразува длабока благодарност до извонредната ректорка на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова за вонсериските заложби, личната и институционална посветеност и програмски приоритет на дејноста на Меѓународниот семинар, за поддршка на новата визија и подновениот концепт на 57. Летна школа – секоја идеја да се преточи во убава реалност, која од 16 август е прекрасна стварност за 65 семинаристи македонисти на 57. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ кои учат македонски јазик, литература и култура во древниот град Охрид.

Изразувам институционална и лична благодарност и висока почит за довербата и вербата во новиот концепт, кој е богат со нови содржини како што се: амбиенталната и интерактивна настава, преведувачка работилница, врвни културни настани и драгоцени научно-истражувачки екскурзии. Веќе се потврдува визијата дека македонистиката, филологијата и културологијата одлично се афирмираат преку креативна синергија со повеќе науки (како: историја, етнологија, фолклористика, музичка архиологија, историја на уметност, филозофија на култура, херменевтика, итн.), во симбиоза со репрезентативни уметнички настани.
Сонот на „Македонистичкиот гордорек 2024“ – веќе е прекрасна реалност, која расте одејќи пловејќи „По стапките на Свети Климента“ како горди и достојни наследници на Кирилометодиевската традиција и Светиклиментовиот пат на светлината.

Горди сме на успешната, реномирана и извонредна ректорка која, заедно со сјајниот Ректорат и проректорите, и овој пат докажа дека УКИМ е врвен квалитет со долга традиција и највисоки стандарди, кој како интегриран Универзитет, на најубав начин, ја подржува македонистиката како врвен национален приоритет, со пошироко интернационално значење.
„Македонскиот гордорек 2024“ – е плод на студиозна посветеност, однос кон приоритет, верба, поддршка и добра волја на врвен авторитет, ректор кој умее да препознае вредност, нов квалитет и светла иднина за македонистиката.
Со почит”

-стои во писмото упатено до ректорката од страна на проф. д-р Кристина Николовска,- директор на МСМЈЛК при УКИМ

Креирано од:


Пренеси го гласот