Еден од најистакнатите активисти за борба за правата на Македонците насекаде во светот, Боби Темелков од Канада ги повика Македонците од дијаспората масовно да се попишаат на електронската апликација ставена на располагање онлајн за таа намена.
Во продолжение ги пренесуваме неговите аргументи зошто тој смета декае потребно сите Македонци да се попишаат масовно на овој попис:
“Мислите ли дека денес ќе пишуваше во некоја архива дека постоеле Македонци ако сите предходни генерации Македонци ги бојкотирале пописите поради тоа што сме биле поробени?
Попис на Дијаспората !
Должност на секој Македонец е да го запише неговото постоење,Македонците го правеле тоа под разни окупации со векови ,наша должност како Македонци е да оставиме трага позади нас и денес кога сме под хибриден режим.
Замислите ако Македонците бојкотирале пописи кога сме биле под некое ропство ,а сме биле под ропство и окупирани од многу тирани и со векови ! Мислите ли дека денес ќе пишуваше во некоја архива дека постоеле Македонци ако сите предходни генерации Македонци ги бојкотирале пописите поради тоа што сме биле поробени?
Пописите највероватно биле “штимани” и тогаш како што предпоставуваме дека ќе бидат и денес ,но за да оставиш трага позади тебе ,треба да постоиш и бидеш запишан во некоја архива. Можат да не бришат ,можат да не кратат но ако се потишеме масовно не ќе можат да не избришат сите !
Јас мојата должност како Македонец ќе ја исполнам,ќе се регистрирам во пописот и ќе го поплонам ,ќе испринтам копија за мене и мојата фамилија дека сме Македонци на тапија,бугарскиот софтер или хибридниот режим можеби ќе не изостави или избрише ,но тапијата дека сум се потпишал како Македонец и ја носам Македонија во срцето ќе останат заесокогаш ,нив никој не може да ги избрише !
линковите за самопопишување на пописот кои водат во пописната апликација:
• https://www.stat.gov.mk/
• https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
• https://census.stat.gov.mk/”
-стои во објавата на Боби Темелков на фејсбук.