БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бочварски денес во Делчево промовираше реконструкција на улица со нерешени проблеми од атмосферски води

Пренеси го гласот

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со поддршка на Министерот за земјоделие шумарство и водостпанство Љупчо Николовски, Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и Директорот на ЈП Државни патишта Костадин Ацески, денеска извршија промоција на реконструирана дел од улица во Делчево.

Станува збор за улица која е крак на Бул. Македонија каде што оваа година имаше катастрофални поплави поради проблеми со атмосферските води а истата беше целосно уништена. По повеќе месеци чекање и проблеми за граѓаните неодамна на улицата беше поставен нов асфалт без соодветен третман на тротоарите кои се и тоа како потребни за граѓаните кои ја користат оваа улица како врска со улицата Вера Јоциќ.

Поставувањето на асфалтот на оштетената улица беше направено со пари од централната власт, без изработка на основен проект, со кој соодветно ќе се нивелираат висините на коловозот и подолжните и попречни наклони на улицата за одведување на атмосферските води. Па така и денес за време на посетата на Бочварски на Делчево на коловозот на оваа реконструирана улица можеа да се забележат големи собирни места на атмосферска вода како резултат на малите врнежи кои паднаа во изминатите 24 часа.

Голем број од граѓаните кои што живеат и гравитираат на оваа улица се сомневаат дека при појава на наредни поголеми врнежи на дожд, состојбата од јунските поплави повторно може да се појави во одредена мера со што постои опасност за безбедноста по животите и имотот на делчевчани.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот