БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Борба во Советот на Европа за интересите на Македонските граѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во рамки на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа продолжува со својата борба за интересите на Македонија и Македонските граѓани.

Николоски наспроти обидите на Бугарија и бугарската дипломатија ја повикува целокупна Европа да застане во заштита на Македонија и да обезбеди почеток на преговори со ЕУ, согласно сите досегашни декларативни заложби повеќе децении наназад.

“Во Стразбур се одржува редовната сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа, за нас исклучително значајна сесија затоа што на оваа сесија ќе се разговара за европската перспектива на Западниот Балкан од кој што дел е и Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на овој извештај особено ќе ја потенцирам улогата на Македонија, како фактор на демократија и стабилност во целиот регион, но исто така ќе кажам дека Македонија долги години чека да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ. Тоа е неправедно затоа што најпрво Грција ја блокираше Македонија со своето вето да ги отпочне преговорите, а сега тоа го прави Бугарија. Бугарија го прави на најлош можен начин, оспорувајќи го македонскиот национален идентитет, македонската засебност, култура и историја, како и самобитноста и постоењето на македонскиот јазик. Тоа не се европски вредности, тоа не се вредности кои што се делат во Советот на Европа и во ЕУ. Тоа не се вредности кои што се признати во Стразбур и во Брисел.

И затоа е многу значајно, целокупната Европа да застане позади Македонија и да поддржи почеток на преговори со ЕУ без никакви дополнителни условувања од страна на Бугарија.

Промената на Уставот која што го бара Бугарија и на која што за жал се согласи капитулантската Влада на СДСМ и ДУИ е директно задирање во внатрешните работи на Македонија и не смее да е услов за почеток на преговори со ЕУ.

Секако тука остануваат и борбата со организираниот криминал и корупција, и воведувањето на функционален систем на владеење на правото. За жал корупцијата е највисока од постоењето на независна Македонија со оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Нема сектор каде што нема корупција. За жал економијата тоне, а корупцијата цвета во Македонија.

Во рамки на оваа сесија исто така ќе има обраќање на бројни и значајни гости, тука се пред се претседателите на Швајцарската конфедерација, на Ирската Република и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

И исто така ќе се разговара за војната агресија која што Русија ја прави врз Украина, како што кажав и за состојбите со европските интеграции на Западниот Балкан.

Очекувам плодна сесија на која што ќе направам се да ги одбранам интересите на Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace