БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Божиновска на економскиот комитет во Прага: Македонија ги зајакнува врските со Чешка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Прага се одржа Заедничкиот состанок за економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка, на која се договорени чекори за продлабочување на билатералната соработка во повеќе сектори.

Македонската делегација беше предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која активно се залага за зајакнување на економските врски со Чешка и иницира конкретни чекори за привлекување инвестиции и проширување на деловната соработка меѓу двете земји. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, г. Александар Николовски, како и дел од делегацијата претставници од повеќе ресорни министерства, паралелно одржаа работни средби со своите чешки колеги. Разговарано беше за соработка во енергетиката, транспортот, внатрешните и надворешните работи, културата, заштитата на животната средина, земјоделството и други сектори од заемен интерес.

Министерката Божиновска, во своето обраќање пред делегациите, ја потенцираше подготвеноста на Македонија да ги поддржи чешките инвеститори во реализацијата на нивните деловни планови и да обезбеди стабилна и предвидлива деловна средина со поволни услови за инвестирање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Македонија е отворена за стратешки партнерства со чешките компании, особено во енергетиката, инфраструктурата и индустриското производство.

“Македонија ја гледа Чешка како стратешки партнер во енергетиката и индустријата. Нашата земја нуди стабилен инвестициски амбиент и јасни регулативи за заштита на бизнисите. Воедно, ги интензивираме реформите во енергетскиот сектор за да обезбедиме модерна, одржлива и конкурентна економија,” изјави Божиновска.

„ Преку вакви директни средби со чешките институции и компании, отвораме нови можности за инвестиции и партнерства. Сигурен сум дека оваа соработка ќе резултира со конкретни проекти.Македонија и Чешка имаат долга традиција на соработка, а воспоставувањето директна авионска линија ќе ја олесни економската и туристичката размена меѓу двете земји. Очекуваме оваа иницијатива наскоро да стане реалност,”  изјави вицепремиерот Николовски.

Освен официјалните средби, претставници од различни министерства и институции остварија теренски посети, секој во рамките на својот домен. Дел од македонската делегација беа и претставници од Електростопанство на Македонија, Охридско лето и Министерството за култура, кои дискутираа за можности за продлабочување на соработката во областа на енергетиката, културната размена и инфраструктурните проекти.

Во рамки на посетата Божиновска оствари и посебна средба со заменикот министер за индустрија и трговија, Јан Кавалирек, на која се разговараше за конкретни можности за размена на искуства и помош во експертиза. Официјалната посета на Чешка се заокружи со потпишување на протокол од третата сесија на заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешка, кој има за цел да иницира конкретни проекти, продлабочување на трговската соработка и реализација на заеднички иницијативи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace