БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Брендот “Шерлок Холмс” е слободен за користење без никакви авторски права во јавен домен

Пренеси го гласот

Шерлок Холмс конечно е слободен за користење од американсскта јавност од 1 јануари 2023 година.

Авторските права поврзани со популариот фиктивен лик креиран од Сер Артур Конан Дојл конечно се симнати по сила на истокот на 75 годишното законско ограничување за сопственоста на авторските права како и дополнителното 20 годишно пролонгирање на авторското право како дел од Актот за продолжување на авторските права донесен во 1998 година.

Во 1927 година е напишано последното дело-збирка на случаи на Шерлок Холмс од страна на Сер Артур Конан Дојл кое што дело заедно со делата “To the Lighthouse” од Вирџинијa Вулф, “Men without women” од Ернест Хемингвеј, “Комарци” од Вилијам Фолкнер и “The Big Four”- мистериј на Херкул Поаро од Агта Кристи.

Откако еден авторски труд или интелектуална сопственост ќе влезе во јавен домен (посед) тој може неограничено да се користи, споделува, изведува, пренаменува или поедноставува без никков надомест или услови.

Пролонгирањето на дополнителни 20 години зза влегување во јавен домен на одреден дел од авторските дела и интелектуална сопсвеност создадена во 1927 година им донесе дополнителни огромни приходи, но во поголем број многу малку од носителите на интелектуална сопственост успеале финансиски да профитираат од ваквите трудови иако тие биле во рестриктивна зона за користење.

1927 година е карактеристична по тоа што претставува крај на ерата на немиот филм по што започнува развој на цела една нова машинерија на создавање на авторски дела предводена од филмската уметност.

Сега откако ликот на Шерлок Хомс е влезен во зона на јавен домен неговиот лик може да се користи од секого без никакви ограничувања како своевидно културно наследство за целото човештво.

Креирано од:


Пренеси го гласот