По повод денешниот меѓународен ден на образованието Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати своја порака и честитка до јавноста.
“Образованието е темел на секое општество, сила што го менува светот.
Образовниот процес не е само пренос на информации, туку и систем на градење универзални и трајни вредности.
Инвестирањето во квалитетно образование е вложување во знаење, иновации, развој и напредок.
Единствено учени луѓе можат да ја запалат искрата на интелектуалната љубопитност и да го разбудат духот на критичкото мислење.
Само образовани луѓе се носители на позитивни промени, создавачи на посилни заедници и одржлива иднина.
Затоа, сите имаме одговорност да учествуваме во креирањето на здрав воспитно-образовен систем, што ќе одговори на предизвиците на новото и неизвесно време.
Честит Меѓународен ден на образованието!”
-стои во пораката по повод денешниот ден упатена до јавноста преку социјалните мрежи од страна на Претседателката Гордана Сињановска Давкова


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава