Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски денеска упати честитка за Илинден до сите граѓани на државата
Почитувани граѓани,
На сите граѓани на Општина Берово, на сите Македонци им го честитам големиот национален паразник и нека сите овој ден не сплотува, да го славиме, негуваме и почитуваме вечниот непокор како симбол на победата.
Нашата држава празнува два Илиндена. Илинден 1903 и Илинден 1944 година. Да им оддадеме почит на хероите од двата Илиндена, да се поклониме пред нивните имиња и да им ветиме дека никогаш нема да го заборавиме заветот кој тие ни го оставија.
Горди на двата Илиндена, денес на денот кога го чествуваме култот посветен на Св. Илија, сакам на сите да Ви посакам секогаш да го негувате она што ни го оставија нашите предци, со трајна почит да ги чествувате хероите од Малешевијата и никогаш да не заборавиме дека ние сме тие кои го живеат нивниот сон.
Честит Илинден,
Низ здравје, слога и меѓусебно почитување да го славиме, негуваме и почитуваме овој голем национален празник.
-стои во честитката на Градоначалникот на Општина Берово.