БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Црна дупка која голта се над себе навистина постои во езеро во Калифорнија

Пренеси го гласот

На езерото Бериеса во Калифорнија навистина постои т.н. црна дупка која што ја проголтува водата од површината на езерото.

Станува збор за вештачка површинска шахта со потопен тунел кој служи како интервентен дренажен систем за испуштање на поголеми поплавни бранови на атмосферска вода во езерото.

Гигантската површинска шахта која е изградена на Браната Монтичело во долината Напа во Калифорнија се наоѓа во непосредна близина на локалниот пат и претставува своевидна туристичка атркција со својата монументалност но и застрашувачки изглед, за многумината минувачи во регионот.

Замислете го чувството кога би можеле да застанете над самата шахта и да пробате да погледнете надолу.

Ваквиот страшен и смртоносен изглед на ова навидум бескрајна владбнатина која голта се низ себе, всушност како инжинерски потфат служи за спас на многу животи и материјални добра низводно од самата брана чија што намена е токму превенцијата од поплави.

bregalnickimarketing

Во последните неколку години малку пати оваа преливна шахта во езерото Бареса може да послужи на својата функција, поради намаленото количество на вода во самото езеро и неговите притоки.

Креирано од:


Пренеси го гласот