БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски од Делчево најави зголемена поддршка за сточарите за зголемување на сточниот фонд во државата

Пренеси го гласот

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство на новинарско прашање на Брегалнички Портал во врска со состојбите во сточарството, најави силна поддршка за наредната буџетска 2025 година за одгледувачите на добиток преку специјално дизајнирани програми и мерки на министерството и владата за подобрување на крајно влошената состојба со добиточниот фонд.

Според официјалните статистички податоци на Државниот завод за статистика трендот на намалување на добиточниот фонд во изминатите години е повеќе од алармантен.

Така во 2018 година бројот на говеда бил 256 181 а тој број во 2021 година драстично е намален на 177 622 грла говеда. Слични поразителни бројки е и со бројот на овци кои од 726 990 грла во 2018 година спаднале на 633 281 грло овци. Малку помал пад има на бројот на свињи во овој период, но сепак забележлив е нагативниот тренд.

Во однос на производството на месо бројките се исто така поразителни со забележливиот негативен тренд на производство на храна.

Ефектот на лошите политики на земјоделските власти во претходниот состав на владата на СДСМ и ДУИ е видлив преку намалувањето на количините на месо од 2018 до 2023 година и тоа во огромни количини намалување за што е даден приказ на сл. графика според официјалните податоци на Државниот завод за статистика:

За ваквата поразителна состојба во однос на добиточниот фонд од нашиот новинар кој го следеше денешниот настан на министерот Цветан Трипуновски со призводителите на слива од Делчево, Берово и Пехчево доби прашање за намерите и планираниот развој на министерството и владата во оваа гранка од земјоделието:

Министерот Трипуновски во својот одговор за јавноста ја констатираше лошата состојба за сточарството но најави силна поддршка почнувајки од 2025 година за одгледувачите на говеда, овци, кози и живина се со цел државата да обезбеди квалитетна и евтина храна за своите граѓани а притоа трудот на сточарите да биде ценет и вистински вреднуван.

-“Бројките се лоши, навистина е катастрофална ситуацијата. Тоа е резултат на оние погрешни и задоцнети мерки кои што ги правеше изминатата власт. За жал нашите полици се со увозно млеко, нашето производство на месо, со живина, свинско, итн. е веќе преполовено. Ние ќе дадеме веќе од идната програма од 2025 година зголемена поддршка се со цел да го враќаме сточниот фонд, бидејки мораме да обезбедиме домашна храна за нашите сограѓани и нормално како извоз на земјоделски производи. Ќе биде редефинирана програмата за субвенции се со цел да стимулираме зголемено производство и нормално оние субвенции кои што ќе ги даваме ќе ги исплаќаме на време се со цел да бидат дополнителна додадена вредност во сточарското производство.

-Со доаѓањето на власт ние веќе исплаќаме субвенции кои што се од претходни години, дали е тоа за предадено јагне во кланичен капацитет, дали е за литар предадено млеко кое што досега требаше да го имаат земено сточарите. Ние како влада веќе на самиот почеток даваме сериозен приоритет во делот на исплата и на субвенции и ќе градиме мерки кои што ќе бидат долгорочни,”

-рече во одговор на новинарско прашање на нашиот портал Министерот за земјоделеи, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во рамки на неговата изјава за медиумите од денешниот собир со производителите на слива од Пијанец-Малеш.

Креирано од:


Пренеси го гласот