БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски од Струмица: Ветеринарството како и целиот сектор на земјоделие се во катастрофална состојба поради лошите аграрни политики на СДСМ

Пренеси го гласот

Дополнителниот заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска реализираше средба со граѓани кои што работат во ветеринарно здравство како дел од земјоделскиот сектор во државата.

На средбата биле предочени низа на проблеми со кои се соочува оваа дејност како резултат на пропаста на целокупниот добиточен фонд во изминатиот период во дравата.

“Остварив средба со агрономи и ветеринари од струмичкиот регион.

Поразговаравме за актуелната ситуација и предизвиците со кои што се соочуваат. Заклучокот е дека лошите аграрни политики на СДСМ го доведоа во катастрофална ситуација целиот сектор земјоделство и сите дејности поврзани со него.

Промените се неопходни и потребно е да се случат час поскоро, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ има план и програма како да го врати македонското земјоделство на вистинскиот пат и заедно да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец.”

-соопшти Цветан Трипуновски во врска со оваа средба за јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот