МОЈ НАРОДЕ!!
Не една, три пандемии одеднаш малку ќе ти бидат! Памет лесно не се наоѓа! Ги гледам полињава прекрасни, со децении необработени, а секоја педа земја газда има и тоа во катастар запишан! Дедо му му ја оставил земјата во наследство, а внукот појма нема кај му се нивите. И уште по огласи ги продава за да врати коцкарски долгови, или да може детето во странство да го испрати, или кредитите на банкарите да им ги плаќа и колички по маркети да полни со отров храна и после лекари “магионичари” да плаќа за барем на цевка да живее. Важно седиш во зградите в град, ко во кибрит кутија и врескаш вакцини немало, по болниците кревети немало.
Наместо земјата своја да си ја побараш, со мерак богатството дедово што генерации одгледало да со го обновиш, храната да си ја создадеш по свој терк и по теркот на природата, ти народе Филипчета го молиш здравје да ти донесе. А владата многу досетлива излезе, си вели што ќе му е земја на овој мрзлив и глуп народ, па реши да ја распродаде. И така народе мој, ти додека Заева и Филипчета за лепче и за здравје ги молиш, тие на мотори на четири тркала се рекреираат по земјава ти убава, твоја дедовина. Ама сепак и на тебе мислат, народе мој, монтажни болници секој ден ти градат!
-Фејсбук статус на Д-р Јадранка Бибан