БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали атомите никогаш не престануваат со движење?

Пренеси го гласот

Атомите не се мали топчиња кои што потскокнуваат наоколу и се судираат едни со други.

Атомите се создадени од уште помали честички, како што се протоните и електроните и овие честички се однесуваат на чудесен начин различно од она што нам како луѓе ни е познато за принципите на движењето.

На пример електроните не орбитираат околу јадрото како што планетите од нашиот сончев систем орбитираат околу сонцето, туку постојат во форма на облак на веројатност кој што може да биде истовремено на повеќе места

Електроните имаат својство што се нарекува вртеж/спин кој што им овозможува да се однесуваат како мали магнети кои што можат да се спојат или спротивстават едни на други. Една од последиците на квантната механика е својството електронот да има конкретно ниво на дискретна енергија, зависно од неговата одалеченост од јадрото и неговата ориентација на вртење.

Овие нивоа на енергија се како скалила на скала а електроните можат да прескокнуваат од едно ниво на друго со апсорбирање или емитирање на фотони (честички на светлината)

Најниското ниво на енергија е наречено основно ниво и е најстабилната состојба на постоење на еден електрон.

Но и во таква состојба електронот се уште има одредено ниво на кинетичка енергија (енергија во движење), затоа што не може да биде целосно мирен како резултат на принципот на несигурност/непостојаност.

Принципот на несигурност/непостојаност кој што е дефиниран од страна на Вернер Хајзенберг во 1927 година изразува состојба на фундаментална ограниченост колку прецизно можеме да ги знаеме позицијата и моментот (маса помножена со брзина) на една честичка во исто време.

Колку повеќе знаеме за едното, толку помалку знаеме за другото. Ова значи дека ако сакаме да ја измериме точната позиција на електронот, ќе ја загубиме информацијата за неговиот момент на осцилација и обратно. Какко резултат на овој принцип постои одредена несигурност во двете величини а оваа несигурност се трансферира во одредено минимално ниво на движење за било која честичка. Ова минимално ниво на движење ги спречува електроните да застанат целосно дури и во услови на апсолутна нула на температура.

bregalnickimarketing

Апсолутна нула е теоретски најниската температура, каде што секакво термичко движење (движење поради загревање) престанува. Таа изнесува 273.15 степени Целзиусови или -459.67 степени по скалата на Фаренхајд.

Но и при оваа температура атоми и електрони одржуваат одредено ниво на механичко движење кое што не може да биде елиминирано во целост.

Ова движење се нарекуваенергија на нулта точка или квантна флуктуација.

Атомите се под влијание на квантна механика, која што наметнува одредени рестрикции во нивното однесување што ги прави некомпатибилни за принципите на класичната физика.

Заклучок: Атомите никогаш не престануваат со движење затоа што содржат квантно механичко движење кое што не може да биде редуцирано на нула од ниту еден физички процес.

Креирано од:


Пренеси го гласот