Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево во текот на вчерашниот ден преку социјалните мрежи упатија повеќе прашања до Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски и до директорот на Јавното комунално претпријатие “Брегалница” Делчево во врска со објавени фотографии на кои се гледа користење на едно од службените возила на јавното претпријатие без регистарски таблици по улиците во Делчево.
Иако градоначалникот и директорот беа директно повикани да одговорат на упатените прашања јавно преку социјалните мрежи, од нивна страна се уште молчат за одговорите на поставените прашања.
Партиската реакција со упатените прашања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево до надлежните за ваквата состојба во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Чие е ова возило за собирање на комунален смет по улиците во Делчево?
Дали е во сопственост на Јавното комунално претпријатие “Брегалница” Делчево?
Дали возилото е регистрирано и има соодветни документи за пуштање во сообраќај по улиците во Делчево.Кој поединец дал налог за користење на ова возило без регистарски таблици?
Од кога ова возило оперира по улиците во Делчево?
Зошто сообраќајната полиција врти поглед на другата страна кога поминува ова возило, правејки се дека не го гледа?
Дали некои неидентификувани лица на своја рака собираат смет по улиците во Делчево- нешто што е основна функција на ЈКП Брегалница Делчево?
Го повикуваме Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево или директорот на ЈКП Брегалница Делчево Стојче Стојковски јавно да одговорат на овие прашања, во спротивно одговорите на истите ќе ги побараме по пат на право за достап до информации од ЈАВЕН КАРАКТЕР.
Како што можат граѓаните да плаќаат регистрација за користење на своите возила во сообраќај, може и сопственикот на ова возило.Правилата треба да важат за сите.
Одговорност за прекршување на законите мора да има!”
-стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО упатена преку социјалните мрежи.